ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

May 24, 2025 10:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Од автобусот го забележувам огласот кој со своите бои ме потсетува на една дамнешна реклама која ме наведе да пропушам. Повторно почнувам да пушам и по неколку години умирам од рак. Поради тоа едно од моите деца мора да го напушти факултетот, станува деликвент и една мрачна ноќ во Дебар маало ве удира со шише виски по главата. После тој напад, вашиот вид станува трајно заматен, па се забивате со автомобилот во касапницата во Кисела вода и сериозно повредувате една постара жена. Нејзиниот партнер паѓа во депресија и се фрла од мостот.

Хахаха!

Невозможно е да се процени колку луѓе се вплеткани во една постапка, а тука не се ниту споменати агенцијата која го дизајнирала огласот, работниците кои го произвеле автобусот и оние кои произвеле гуми за неговите тркала.

Ова е Тери Иглтон  со мали локалистички интервенции.

Тој  ме натера да се прашам: Кој Македонец се возел во автобусот број 15 кога здогледал една оптимистичка реклама за избори, отишол и гласал за вмро, потоа се разочарал, отишол дома, легнал во кадата со топла вода и си ги пресекол вените. Кога жена му го видела во црвената течност добила нервен слом и скокнала од терасата на десеттиот кат, но на тротоарот паднала врз надвојводата на вмро кој починал на лице место. Во ист момент со жената. Во партијата тоа го протолкувале како обид на сдсм да ја спречи изградбата на пругата до Грција и тргнале во граѓанска војна  која ја преживеале само Бранко Азевски и оној Трајчевски од аавму. Кои, освен што преживеале, ги задржале своите функции на радост на сите мртви.

Немало кој да ги замени.

Се зборува дека и Кикифрики преживеал ама го инсценирал својот погреб и побегнал во Парагвај.

Наравоучение: не возете се во автобус или ако се возите не зјапајте наоколу. На избори не одете или ако одите, не гласајте за вмро ако сакате да ја избегнеме граѓанската војна и, уште поважно, преживувањето на Азевски и Трајчевски.

И на Кикифрики.

Ова не се само конструкции и шеги.

Навистина е невозможно да се предвидат последиците на нашите постапки, дури и оние најтривијалните. Огласот што човекот од автобусот го видел на  улицата, за луѓето што подоцна ќе станат национални Македонци, се јавил во форма на свети букви пред речиси 130 години и тие сега висат на мостот на Историјата како партнерот на старицата од приказната на Тери Иглтон.

Може да се покаже дека и кочанската трагедија е последица на тој некој прв чин во кој некој началник, инспектор или министер и премиер, наместо да појде во контрола, два или десет дена пред трагедијата, свратил во првото кафуле, се запил, труп се направил и спиел на шанкот се до кобната ноќ во која изгореа 61 лице, а многумина беа тешко повредени, некои од нив со трајни последици. Да не зборуваме за санацијата на последиците особено за односот кон родителите на децата кој е ослободен од човештина затоа што надлежните кога се возеле во своите мерцедеси на пат за Кочани, по патот забележувале реклама за некоја кафана, запирале, отишле на по една ракија, завршиле со по едно шише и го продолжиле патот, но во Кочани не стигнале затоа што на првата кривина излетале од патот и загинале. Сега нема надлежни кои би им дале памош на родителите на настраданите и на повредените!

Нели е тоа тажно.

Заебано и тажно.

Можеби не сосема вистинито, но многу веројатно.

Кој британски шеф на МИ 6, 5 или 66, се возел  на горниот кат на црвениот лондонски автобус, кога со страничниот шпиунски поглед здогледал на улицата оглас “Help Mitzko”, па се симнал на првата станица и на портирот во својата служба му јавил на телефон: пуштете 5 милијарди фунти на Македонија, во пабот кај што пијам “макалан”, второ шише ми е, ми рекоа дека “Mitzko” ис прајминистер оф Норд Маседониа, андрстенд ми, океј!

Портирот веднаш го повикал македонскиот министер за градежништво и производство на шут, кој експресно дошол на Хитроу со нивиот владин авион Ербас 800 Ф и со британскиот министер за извоз Гарет Томас (исто име и презиме како славниот велосипедист, мојата симпатија уште кога победуваше Крис Фрум, а тој му беше главен помошник, победник на Тур д Франс пред пет-шест години). Кога чул дека е прескокнат во ваква важна зделка, кралот Чарлс Трети абдицирал, на враќање во Скопје авионот на Николовски се урнал во Охридското езеро, но среќа, Лигњата ко лигња, преживеала и сега се опоравува во личната клиничка болница, хотел и спа ресорт на дваесет сантиметри од езерото некаде во Свети Стефан, кој поради тоа се откажал од светоста.

Но, овој пат навистина, морам да прекинам со шегаџискиот тон и да обрнам внимание на овој протоколарен момент кој за мене е крајно интересен. И сомнителен. Мицко, кој едвај чека да се асфалтира улицата од куќата на некој градоначалник до првата кафеана, за да појде да сече лента да се слика и дава изјави, ја пропушта можноста да потпише Стратегиски договор со Обединетото кралство, еј, да лапне шест милијарди евра и со мал дел од нив во “Хародс” да си купи ножици за сечење на црвената лента во форма на шина при пуштањето во сообраќај на пругата од Табановце до Грција + патики Зења.

И еден “Патек Филип, турбулион”.

Нели ви е сомнително тоа што во таква мисија тој го праќа Лигњата со “Луј Вутон” куфер, а Стармер и Чарлс Трети некоја британска шкарпина од министер.

Тоа е како Вучиќ на парада во Москва да ја прати Тепавчевиќ Кисиќ или оној Вирус од човека односно Несторовиќа.

Хахаха!

Како и зошто во нашите скапани домати Британците одеднаш почнаа да гледаат јужноафрички дијаманти?

Тоа е најважното прашање.

Велика Британија не дала шест милијарди евра на цел Комонвелт.

Украина би ослободила пола Луганск со тие пари.

Американската помош во заеми и кредити по Втората светска војна, што ја испреговарале Џорџ Мајнард Кејнс и некој американски конгресмен, во вредности од 2024 година, изнесувала  60 милијарди долари. Можеби грешам. Ние кои сме големи колку три улици во Лондон добиваме на располагање една десетина од парите за обнова на Британија по сите страдања во Втората светска војна. И тоа лефтерно, со најниски процедури и протоколи, како помош за кутија цигари, пари фрлени во капата на некој уличен питач. И тоа во време кога секоја фунта им треба за одбрана од руските закани во кои се обележани како прва цел на путинскиге нуклеарни глави.

Се разбира, ако сѐ тече според планот тие парите ќе ги оплодат поплодно отколку да ги вложиле во трговија со хероин, но отсега е јасно дека таа класична шема со парите нема да функционира и дека назад нема да добијат ебена фунта.

Еден мал дел може да се разбере како пари за ракиџиско и коруптивно стимулирање и утеха на Македонците поради приемот на криминалците азиланти. Другиот дел можеби мислат да го покријат со нови контингенти од неколку милиони мигранти кои би успеале да го сменат табиетот на Македонците и да им вбризгаат троа нормалност и разумност. Па да ги пуштат Бугарите во Уставот.

Не знам!

Допрва ќе ги откриваме мотивите на Британците, додека мотивите на вмро се јасни: тие сакаат да ги потхранат  надежите и чувствата на Македонците во чуда, дека четирите свети букви се предодредени да им донесат такви чуда кои можат да ги спасат, да им прават пруги и болници и асолни огноотпорни дискотеки, бидејќи од гледање дебатни емисии по радиоактивните телевизии, се тотално омрзавени и оглупавени.

Тоа не е сѐ, народе, но нека да оставиме нешто и за друг пат кога ќе објаснам зошто и јас би ги зел тие пари.

Хахаха!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Светите Кирил и Методиј се темелот на нашиот македонски јазик, идентитет и култура

May 24, 2025
Генерирано со ВИ

Брисел ги повика американските професори и научници да дојдат во ЕУ, им нуди поддршка од стотици милиони евра

May 24, 2025

Шест убиени, меѓу кои и две деца во изралески воздушни напади во Газа

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk