Во руските напад врз повеќе украински региони вкупно загинаа 13 луѓе, а десетици се повредени, соопштија украинските власти.
– Помеѓу жртвите од бомбардирањето се и три деца, кои загинаа во украинскиот регион Житомир, соопшти украинската спасувачка служба на Телеграм.
Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Кијив. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на главниот град на Украина.
Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила вкупно 45 руски проектили и 266 дронови.
Новите руски напади се извршени неколку часа пред завршната фаза за размена на заробеници. Последната фаза од размената е планирана за денеска, при што треба да бидат разменети вкупно илјада заробеници. Вчера 307 руски воени заробеници беа разменети за ист број украински војници.