„HBO“ во април 2025 ја обнови серијата The Last of Us и известуваат дека ќе има трета сезона. Креаторот Крег Мејзин изјави дека втората сезона ги надминала нивните најголеми очекувања и со нетрпение ја очекуваат продолжената приказна, пренесува магазинот „People“.
Во мај 2025, Мејзин за Collider најави дека постои добра шанса третата сезона да биде подолга од втората, која имаше седум епизоди. Иако HBO сѐ уште нема објавено детали за заплетот, актерката Кетрин О’Хара (Гејл Линден) откри за Variety дека фокусот ќе биде на приказната на Аби — што се совпаѓа со завршната сцена од втората сезона, во која Аби се буди во базата на W.L.F.
„Постои друга страна на оваа приказна што допрва ќе ја истражиме. За Аби, таа е херој во својата приказна,“ изјави Мејзин.
Актерката Мерсед додаде дека односот меѓу Дина и Ели ќе биде силно засегнат од смртта на Џеси. „Ќе биде чудно да глумам дека не ја сакам Бела (Ремзи), бидејќи сега имам слабост за односот меѓу Ели и Дина,“ изјави таа.
Мејзин потврди дека нивната врска ќе биде централна тема во третата сезона.
Повеќе информации за фракциите W.L.F. и Серафаитите се исто така во најава, но публиката веројатно нема да ги добие сите одговори веднаш. „Нема начин да ја завршиме оваа нарација во трета сезона,“ рече Мејзин, додавајќи дека најверојатно ќе биде потребна и четврта сезона за комплетирање на приказната.
Редакција Фронтлајн