ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Најстариот отпечаток од прст во светот може да биде индикација дека неандерталците „создавале уметност“

May 27, 2025 15:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Álvarez-Alonso

Фото: Álvarez-Alonso

Share on FacebookShare on Twitter

Околу 43.000 години пред нашата ера, еден неандерталец во денешна централна Шпанија наишол на големо гранитно камче чии природни вдлабнатини и форма го потсетиле на човечко лице. Наместо да го остави, тој го зел, го проучил – и потоа, со прст натопен во црвена боја, на него нацртал точка токму каде што би бил носот, пренесува Гардијан.

Така, според тимот шпански археолози, геолози и форензичари, можеби е оставен најстариот целосен човечки отпечаток од прст – и потенцијално најстариот пример на преносна уметност во Европа.

Камчето, долго нешто над 20 сантиметри, било пронајдено во јули 2022 година за време на ископувања во пештерскиот засолништен локалитет Сан Ласаро, близу Сеговиа. Иако на прв поглед изгледало како необично обликуван камен, неговата форма и специфичната црвена точка веднаш го привлекле вниманието на тимот.

Фото: Álvarez-Alonso

„Кога го видовме, сите си помисливме исто: ‘Ова личи на лице’“, изјави археологот Давид Алварез Алонсо од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. „Но тоа не беше доволно. Ни требаше повеќе докази за да ја поддржиме хипотезата дека ова е симболичен предмет – можеби дури и најстарата апстракција на човечко лице што ја познаваме.“

По консултација со научната полиција, форензичарите потврдиле дека пигментот – мешавина од железни оксиди и глина – бил нанесен со човечки прст. Иако никогаш нема да се знае со сигурност, анализата сугерира дека отпечатокот му припаѓал на возрасен маж.

Уште пофасцинантен е фактот дека во и околу пештерата нема траги од окер пигмент, што значи дека тој бил донесен од друго место – што укажува на намера, односно симболичко однесување.

Истражувањето, објавено во Archaeological and Anthropological Sciences, ги засилува доказите дека неандерталците биле способни за уметничко и симболично изразување – нешто што долго време се сметало за ексклузивен белег на модерниот човек.

Детал од црвената точка добиена по користење на фотограметриски процес за документирање на камчето во 3D

„Изборот на камчето поради неговиот изглед, и потоа неговото обележување со боја, укажуваат на човечка мисла што симболизира, замислува и проектира значење врз предмет“, наведуваат авторите. „Во овој случај, можеме да препознаеме три основни когнитивни процеси што стојат зад создавањето уметност: ментална концепција на слика, комуникациска намера и доделување значење.“

Дерматоглифска слика добиена со мултиспектрална анализа на црвената точка

Иако научниот свет веројатно ќе продолжи да дебатира – особено околу прашањето дали неандерталците можеле да бидат „уметници“ – Алонсо и неговите колеги веруваат дека ова откритие нуди моќна потврда.

„Зошто би го гледале тоа лице поинаку од неандерталците? Тие исто така беа луѓе“, вели тој. „Овој предмет е уникатен – нема ништо слично. Но нашата тврдоглава претпоставка е дека неандерталците имаа капацитет за симболичко размислување, сличен на оној на Homo sapiens – и овој артефакт тоа го потврдува.“

Редакција Фронтлајн

Tags: неандерталциуметност
Next Post

Во Кавадарци се одржа манифестацијата ,,Сите на велосипед"

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk