ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јакимовски: Јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

May 28, 2025 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја свикувам оваа прес – конференција за да дадам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме ние као одговорни лица да не ги поддржиме – истакна денеска пред новинарите, првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Практично таа документирано и покажа на целата македонска јавност, пред сите надлежни институции, она што веќе го знаат милион и осумстотини и шеесет илјади граѓани, каде во оваа држава се гради на „диво“, каде се узурпира градежно државно земјиште, каде се легализира колективно, деловно и индивидуално земјиште сé по едно евро и каде се злоупотребува законот за легализација на бесправно изградени објекти – посочи Јакимовски.

Тој, пред претставниците на медиумите ја изрази својата длабока загриженост од односот на премиерот Мицковски, како и од министрите Тошковски и Николовски.

– Замислете, претседателот на Владата употребува еден многу интересен термин. Имено, тој вели: градоначалничката Арсовска нека постапува по дивоградбите. Меѓутоа, градоначалничката на Скопје нема никакви ингеренции да постапува по однос на дивоградбите. Веројатно премиерот добро знае дека таму треба да постапуваат истражните органи. А всушност самиот премиер кој во оваа држава се закануваше дека ќе не влече за уши, дека дури и брат да му е доколку е некој виновен – ќе одговара кривично. Овде имаат среќа луѓето што не му се браќа и очигледно дека тој никого не влече за уши, туку целиот македонски народ го влече за нос. Зошто? Затоа што овде исклучително тој и неговите институции имаат надлежност. Замислете, на локациите кои ги посочува тој е узурпирано градежно земјиште за коешто не е платено ниту денар а истото е во државна сопственост и тоа земјиште на само една локација чини 2 милиони евра. Не се платени ниту комуналиите кои чинат 1 милион евра. Не постои никаков урбанистички план ниту пак било каква градежна маркичка а замислете, министерот за „заеми“ господинот Николовски којшто е надлежен за оваа работа вели дека во општина Карпош нема да дозволува да се одобруваат урбанистички планови од причина што тука имало хаос, а замислете во Чаир имало ред и поредок?! – констатираше Јакимовски.

Тој објасни дека министерот за транспорт и врски е целосно отсутен и покрај тоа што овие случаи се исклучително негова надлежност.

– Да не зборувам пак за министерот за внатрешни работи, Тошковски кој му поднесе кривична пријава на градоначалникот на на Крива Паланка за урбана опрема. А овде каде што има стотици дивоградби и каде што државата се оштетува за милијарди евра, воопшто не се постапува и очигледно дека за нив законите се применуваат според нивни терк. Само во Карпош, во Крива Паланка, во Струмица и во општина Центар важат поинакви правила. Она што премиерот Мицковски го најавуваше за пресметка со ДУИ, очигледно дека тој се пресметува само со некои крила од таа партија, односно со тие што не се со него во власт и коалиција. И можете да ја замислите, таа нивна строгост и „правна“ држава ја гледаме само ние од Карпош. Имено, за овие бараки кои ги направила Општината која е сместена веќе 12 години, актуелната власт ќе носи одлука за конфискација на нешто што е направено во интерес на државата. Очигледно онаму каде што некој гради во интерес на сопствениот џеб и го краде народот и својата држава, истите се амнестирани. Во случајов претседателот на Владата лаконски ќе ви каже: градоначалничката на Скопје нека си постапува, а самиот тој ќе се заканува на сите останати кои работат според законот – додаде Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош ја посочи непренципиелната политика на Власта, која не постапува според начелата на демократијата и има селективен пристап кон правдата.

– Премиерот Мицковски тренира строгост над оној кој продавал карти во Кочани и на сите нас што не сме дел од неговата коалиција, а сé останато нека биде хаотично во Македонија. Јас го кревам гласот затоа што нивната „правна држава“ сме ја осетиле на своја кожа, затоа што правото го прават не-право и бидејќи со своите постапки ги поттикнуваат криминалот и корупцијата. Мене ме зачудува односот на меѓународната јавност и нашите правосудни органи. Јас сум осуден на три ипол години затвор, замислете во завршниот збор обвинителот вели дека постапката што ја водела Општина Карпош била според законот. Нас не судат затоа што работиме по закон, а овие кои работат незаконски, каде што не плаќаат земјиште, комуналии, не постои урбанистички план, за нив никому – ништо! – констатираше Јакимовски.

Tags: Јакимовски
Next Post

Зеленски: Украина се надева дека Германија ќе и испорача ракети Таурус

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk