ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Турски пекари месат леб по рецепт од пред 5.000 години

May 28, 2025 14:06
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Археолозите во Турција пронајдоа леб стар 5.000 години во Турција, по што околните пекари почнаа да го месат. Како што објави „Ал Арабија“, ова откритие предизвика интерес за повторно одгледување на оние древни сорти пченица коишто се подобро прилагодени на сушата.

Анализата покажа дека лебот бил направен од крупно мелена мешавина од посебна древна сорта пченица, булгур (сушена пченица) и зрна од леќа, а како квасец се користел лист од засега неидентификувано растение. Круглиот леб, рамен и тенок, и широк 12 сантиметри, е пронајден близу градот Ескишехир, во средишна Турција, во септември 2024 година.  Како што пишува „Туркије тудеј“, бил карбонизиран и закопан под прагот на куќа од бронзеното време – околу 3.300 г. п.н.е. Археолозите веруваат дека лебот, со едно откорнато парче, е закопан при изградба на куќа, како дел од обред – за да се нагласи изобилството.

– Ова е најстариот леб со квасец откриен за време на ископувањата, којшто во голема мера го зачувал својот облик, вели Мурат Тиртеки – археолог и водач на ископувањата. – Цел леб е редок наод при ископувањата. Обично се наоѓаат само трошки, но тука е сочуван бидејќи бил спален и потрупан, додаде научникот.

Во блиската пекара „Халк Екмек“ од минатата недела се месат векни по тој рецепт од бронзената доба. Градот Ескишехир, со област – некогаш богата, со извори на вода, сега се соочува со суша. Поттикнати од сѐ тоа, околните жители се обидуваат да го оживеат одгледувањето на оваа древна сорта пченица, отпорна на суша и болести.

– Се соочуваме со климатска криза, но сè уште одгледуваме пченка и сончоглед за коишто е потребна многу вода. Нашите предци ни одржаа лекција. И ние, како и тие, треба да се свртиме кон култури за коишто е потребна помалку вода, рече градоначалничката Ајше Унлуџе.

Комбинацијата од древната разновидност дава богат леб со малку глутен и без конзерванси. Векната обично тежи 300 грама. Лебот чини 50 турски лири (околу 1,12 евра), и е доста баран и продаван.

Векната од бронзеното време, инаку, од минатата недела е изложена во Археолошкиот музеј на Ескишехир.

Next Post

Трендафилов: Само платени работници може да бидат продуктивни

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk