ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска до Кочоска: Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки?

May 29, 2025 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, а се однесуваше на историско задолжување од 6 милијарди евра.

Лукаревска се осврна на преседанот во собранието, да меморандум биде ратификуван како меѓународен договор, укажувајќи дека власта не само што ја турна земјата во ново задолжување туку и ги суспендираше нормите и законите.

„Вчера овде во македонското Собрание се случи ратификација на Договорот за партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, склучен меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сметаме дека е преседан, да меморандум биде ратификуван како меѓународен договор и на вчерашната седница се дискутираше и се бараа одговори на повеќе прашања , како за правата  и обврските, така и за  правната заштита, и најбитното финансиските импликации за граѓаните.

Власта не само што ја турна земјата во ново задолжување, тоа значи и задолжување за новите генерации и ги суспендираше нормите и законите.

Бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината, најпрво имам две пратенички прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска.

Министерке Кочовска,

Знаеме две работи. Прво,знаеме дека одобрената рамка за задолжување е 6 милијарди евра, или приближно еднакво на буџетот за 2025 година, од 6,5 милијарди евра. Второ,знаеме дека ќе биде проектно финансирање. Но, не знаеме кои се другите услови, колкава ќе биде каматната стапка, како ова задолжување ќе се рефлектира врз јавниот долг.

Граѓаните заслужуваат јасни и прецизни одговори на овие прашања.

Граѓаните мора да знаат како ова задолжување ќе се рефлектира на нивната иднина.

Во едно ваше интервју, рековте дека изборот на фирми од Обединетото Кралство што ќе градат проекти во државава од овие 6 милијарди евра ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки.

Како што рековте, ве цитирам „има јасни одредби што се случува при вакви договори „влада со влада“.  И додадовте дека нема да има само една, туку повеќе понуди од фирми, согласно Законот за јавни набавки.

Но, она што вчера помина во Собранието друго кажува. Па прашање е дали ќе важи Законот за јавни набавки или сепак нема да важи. Имено, членот 2 од договорот предвидува, цитирам ,, Учесниците ќе работат заедно на идентификување можности за финансирање на проекти, вклучително од УКЕФ. Дали финансирањето ќе оди целосно од УКЕФ или од комерцијални банки за кои УКЕФ би дал гаранции. Ова е многу значајно прашање, особено затоа што се работи за договор влада во влада.

Во член 2 став 2 од овој меморандум што вие го нарекувате Договор со Владата на Обединетото Кралство се наведува дека „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.

Јавноста треба да знае што значи оваа одредба, за какво запознавање се работи, дали такво запознавање веќе се случило, и за какво олеснување од страна на британските деловни субјекти“, станува збор.

Дали овие деловни субјекти се предефинирани изведувачи, што е во спротивност со тврдењето дека ќе се користи законот за јавни набавки. Знаејќи ги основните начела на законот за јавни набавки за конкурентност, фер пристап и транспарентност, не може да има конкурентност на предефинирани деловни субјекти.

Во членот 3 стои дека учесниците заеднички ќе работат и заеднички ќе ги истражат можностите за финансирање на приоритетните проекти , таксативно наброени во анексот А, т.е. дека за секој поединечен проект дополнително ќе има финансирање вклучително од комерцијални банки.

Што значи оваа одредба, дали се веќе предодредени фирмите?

Особено што финансирањето се одвива преку UK Export Finance (UKEF), чии услови подразбираат дека минимум 30% од вредноста на финансираните проекти оди кај британски компании или како плаќања во Велика Британија.

Како Владата ќе обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, кога однапред се знае кои компании ќе бидат вклучени во реализацијата на проектите?

Значи со овој меморандум, договор, како сакате крстете го, де факто ќе се суспендира Законот за јавни набавки кој предвидува конкурентност, транспарентност.

Моето прво прашање до вас е:

  1. Дали на овој начин владата со овој меморандум или Договор, како сакате целосно ќе го суспендира Законот за јавни набавки?

И второто прашање, врзано со првото,

  1. Дали се веќе познати фирмите што ќе бидат ангажирани за реализација на проектите, и кои се тие, зошто не се соопштени на јавноста?“, истакна Лукаревска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Гордана Димитриеска-КочоскаСања Лукаревска
Next Post

Оклахома во големото финалето на НБА-лигата, ги чека Индијана или Њујорк

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk