ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

May 30, 2025 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На сопствена иницијатива претседателот на СДСМ Венко Филипче, разговарал со секретарот на ПЕС за Македонија да добие поддршка од ПЕС во Европскиот Парламент, објави денеска во изјава за медиуми, а во врска со повикот на премиерот Мицкоски за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент.

„Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чије семејство ние припаѓаме – господинот Џакомо Филибек, во однос на координации. Денес ги продолжуваме разговорите, да видиме кои се тие конкретни чекори коишто треба да ги направиме, да разговараме со европратениците кои припаѓаат во нашето семејство на демократи и социјалисти“, рече Филипче.

При тоа, Филипче го отвори прашањето дали оваа декларација ќе биде доволна гаранција за владата за да го откочи евроинтеграцискиот процес.

„Што е целта на оваа декларација и дали конечно доколку биде е прифатена тоа ќе биде нешто што за премиерот ќе биде доволна форма на гаранција за да се започне процесот на уставните измени? Поради тоа што се има впечаток дека владата секогаш има некакви принципи и црвени линии, меѓутоа, ако тие не важат, имаат и други. На почетокот беше одолженото дејство на уставните измени, понатамубеа  пресудите во Стразбур, еве сега – декларација во Европскиот парламент. Значи, клучното прашање е што е тоа што е доволно?“, рече Филипче.

Во изјвата за медиуми, Филипче посочи дека во мандатот на владите на СДСМ се донесоа храбри и државнички одлуки со кои  се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ.

„Ние, како влада, сосема доволно направивме за да се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Доказ за тоа е што македонскиот јазик е официјално прифатен во Европската Унија, без никакви ѕвездички или фусноти. Веќе има потпишан прв официјален договор на чист македонски јазик – договорот за Фронтекс. Но, еве, ќе бидеме апсолутно конструктивни, затоа што сметам дека тоа е и добро и правилно, поради тоа што треба конечно да го откочиме овој блокиран процес“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk