Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи продолжува со сериозни обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, како и кон коалицијата ВЛЕН. Таа тврди дека криминалот во општина Чаир се прикрива, додека институциите молчат и не постапуваат по, како што вели, „очигледен криминал поткрепен со докази и аргументи“.
Таа апелира до институциите, меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор да реагираат, особено во делот на заштита од насилство врз жени, корупција, дискриминација и шовинизам.
Арсовска обвинува дека одредени функционери и соработници на Мицкоски од Чаир реагирале со „мизогини и шовинистички придавки и навреди“, по што следи директна критика кон Мицкоски:
„Да го потсетам Мицкоски, немирот кој го видел во мене е кога СЕКОЈ ДЕН ЦЕЛА ГОДИНА СЕДЕШЕ СО МЕНЕ И КОВАШЕ ПЛАНОВИ ЗА КРИМИНАЛ во Град Скопје.“
Во продолжение, таа тврди дека Христијан Мицкоски ја манипулирал со двојна личност:
„Секој ден седејќи со мене, во разговорите еден ден ми се презентираше како чесен професор, а друг ден како мафијаш.“
Објавата завршува со повик за одговорност и реакција од домашните и меѓународните чинители:
„Ќе застане ли некој на патот на овие криминалци, на патот на овие шовинисти? Има ли меѓународен фактор во земјава, има ли невладини организации за заштита на жените од напади, дискриминација и шовинизам?“
„Ќе застане ли некој на патот на криминалците МИЦКОСКИ и ВЛЕН?
Не само што не постапуваат по пријавените неправилности и очигледниот криминал кој се случува во општина Чаир, поткрепен со докази и аргументи, тие продолжуваат да се заштитуваат меѓусебе и да се закануваат со некаква „дестабилизација“.
Апелирам и до институциите кои би требало да се против насилие врз жените, меѓународните организации во Македонија, до амбасадите и до сите останати граѓански организации кои се занимаваат со борба против корупцијата, но и со дискриминацијата и шовинизмот.
Христијан Мицкоски денес во недостаток на одговор за сомнежите на неговите бизнис партнери од Чаир почнаа да ме девалвираат со разноразни мизогени и шовинистички придавки и навреди.
Да го потсетам Мицкоски, немирот кој го видел во мене е кога СЕКОЈ ДЕН ЦЕЛА ГОДИНА СЕДЕШЕ СО МЕНЕ И КОВАШЕ ПЛАНОВИ ЗА КРИМИНАЛ во Град Скопје.
Политичката дезориентација која ја забележал кај мене е кога СЕКОЈ ДЕН СЕДЕЈЌИ СО МЕНЕ во разговорите ЕДЕН ДЕН МИ СЕ ПРЕЗЕНТИРАШЕ КАКО ЧЕСЕН ПРОФЕСОР, А ДРУГ ДЕН КАКО МАФИЈАШ.
Ќе застане ли некој на патот на овие криминалци, на патот на овие шовинисти? Има ли меѓународен фактор во земјава, има ли невладини организации за заштита на жените од напади, дискриминација и шовинизам?“, пишува Арсовска