ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

June 1, 2025 15:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

Мицкоски и Арсовска слават изборна победа на Арсовска во Скопје. Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи, го обвини Мицкоски за селективен пристап во справувањето со криминалот и за, како што тврди, политички мотивирани притисоци кон неа.

Арсовска го нарече Мицкоски „мачe“, обвинувајќи го дека не реагира на наводни незаконски дејствија на поранешни функционери од редовите на ВЛЕН:
„’Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче.“

Во продолжение таа тврди дека на над 150 случаи на констатирани дивоградби, доставени со комплетна документација и снимки од терен, институциите молчат:
„На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш. Сила покажување на жена, наместо кај криминалци.“

Арсовска му се обрати директно на премиерот и праша:
„Што значи тоа ‘ќе видиш ти’? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате?“
Таа додаде:
„Што и да направиш сите ќе знаат дека е од тебе и дека е во функција на заштита на криминалот на ВЛЕН, Изет Меџити и Висар Ганиу!!“

Градоначалничката ги отфрли и обвинувањата за наводна дестабилизација:
„И престанете со приказната за ‘дестабилизација’, никој не верува на тоа. Ви се дестабилизира сѐ на вас кога немате одговор за криминалот. Кога ќе ве фатат со рачињата во медот. Тогаш е дестабилизација.“

Арсовска го обвини МВР за неажурност и блокирање на нејзините пријави, алудирајќи на случајот со приватната здравствена установа „Пулс“:
„Мицкоски, кога мафташе со наводниот фалсификат за ‘Пулс’ за 15 минути постапи МВР. Две недели презентирам документи за флагрантен криминал, а полицијата не смее да прими пријава од мене. Ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува.“

Објавата завршува со остра оценка:
„Срам сте вие, не гордост.“

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот.

-Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а  МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје.

Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

-Па има вистина  тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали, рече Мицкоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АрсовскаМицкоски

НАЈНОВО

ФОТО: МИА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула

June 3, 2025
Фото: Скриншот, видео ТНТ Спорт

(ВИДЕО) Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

June 3, 2025

Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk