ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

Претседателот Зеленски објави видео во спомен на децата убиени од Русија во нејзината војна и истакна дека во спомен на секое убиено дете треба да има вистинска солидарност на светот за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир во Украина.

June 4, 2025 14:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.

По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1197 ден од руската војна во Украина посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна. Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени. Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот. #StopRussia

Ден 1197. На 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна.
Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени.
Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот.#StopRussia pic.twitter.com/XkqNFwE0w4

— Larysa Dir (@dir_larysa) June 4, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео во спомен на децата убиени од Русија во нејзината војна и истакна дека во спомен на секое убиено дете треба да има вистинска солидарност на светот – во Европа, во Америка, во другите делови од светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир во Украина.

„Овие деца беа убиени од Русија со нејзината војна. Момчиња и девојчиња чии животи беа прекинати од руски напади и гранатирање, од непријателства што Украина не ги сакаше ниту секунда, но од кои се бранеше со години“, рече претседателот Зеленски во описот на објавеното видео. – На 4 јуни им оддаваме почит на сите такви деца“.

Претседателот нагласи: „Светот не смее да ја заборави и да ѝ прости на Русија за оваа ужасна болка и таква агресија – апсолутно неиспровоцираната и криминална руска војна против Украина“.

Во спомен на секое убиено дете, во спомен на секој уништен човечки живот, мора да има вистинска солидарност на светот – сите во Европа, сите во Америка, сите во другите делови на светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир на Украина и Украинците, нагласи Зеленски.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Next Post

Европски фронт поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk