ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Вонреден инспекциски надзор во Болница – Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете

June 5, 2025 12:13
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вонреден инспекциски надзор има денеска во Болница – Кавадарци, формирана е и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете. Ова денеска го соопштија од болницата, откако МИА уште вчера побара нивен став, во врска со реакциите на родителите кои побараа испитување на евентуална лекарска грешка во случајот.

Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, ни испрати соопштение во кое, како што пишува, со огромна тага и жал известува дека едно дете на тригодишна возраст кое било прегледано во оваа установа, починало на пат кон Скопје, каде било упатено за понатамошна здравствена грижа.

– Изразуваме искрено сочувство до семејството. Согласно со законската процедура известен е надлежен јавен обвинител, издадена е наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци стои на располагање и ќе дадеме целосна поддршка на сите органи што се надлежни за постапување во овој случај, се вели во соопштението.

Како институција, од нивна страна веднаш била формирана внатрешна комисија, што, како што соопштуваат, ќе ги разгледа сите околности поврзани со случајот.

– Дополнително, денеска во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци има вонреден инспекциски надзор од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат, информираат од установата.

Во наредниот период, формираната комисија, после преземените дејствија, ке излегла со посебен извештај поврзан со случајот, после што навремено и транспарентно ке била информирана и јавноста.

– Ја уверуваме јавноста дека безбедноста и здравјето на пациентите како и транспарентноста во работењето се наш врвен приоритет, се вели во соопштението, потпишано од в.д. директорката, спец. д-р Гордана Камчева.

Next Post

Викендот на гордоста Скопје 2025: Перформативната, танцова и придружна програма се фокусира на телото како сцена на отпор и критика

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk