„Голема грешка е што не се прифати предлогот на ЛДП за измена на Кривичниот законик со кој ќе се овозможеше делата од 30тата глава со кои директно се штети на буџетот да не застаруваат така лесно туку за 3 пати повеќе“, изјави во интервју за Фронтлајн, Моника Зајкова – претседателка на Либерално демократската партија (ЛДП).
– Ние не го гласавме КЗ и имавме наш предлог. Сепак иако толку се правеше во јавноста фама за овој закон ние нов текст немаме добиено иако 1,5 година се зборува за целосно нов закон. Мислам дека на ова поле иако се прави обид за одредени реформи динамиката оди многу бавно. Сè уште немаме ниту еден закон кој се однесува на суштинска реформа во правосудството. На последната седница на Националниот совет за евроинтеграции не ни добивме детален брифинг за тоа до каде е реформската агенда во оваа област. Не е само КЗ, не знаеме до каде е имплементацијата на препораките на Оценската мисија, Законот за судски совет, за судии и јавни обвинители итн. Оттука не гледам суштински промени за напредок, изјави таа.
Дестан Јонузи
Поврзано:
ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица