ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот

June 6, 2025 11:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Аеродром Скопје. Фото: МИА

Аеродром Скопје. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за ревизија на прописите за правата на патниците во авиосообраќајот и за одговорноста на авиокомпаниите, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти Советот на ЕУ, измените имаат за цел да се воспостават поедноставни и појасни правила за подобра рамнотежа помеѓу високото ниво на заштита на патниците и зачувувањето на еднаквите услови за цивилниот авиосектор во рамките на Унијата.

Полскиот министер за инфраструктура Дариуш Климчак, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, изјави дека ревидираните правила ќе донесат над 30 нови права за патниците во авиосообраќајот.

– Тие ќе се применуваат од моментот кога ќе купите билет, па се до пристигнувањето на крајната дестинација, а во некои случаи дури и потоа, изјави Климчак.

Според него, овој договор претставува „историска пресвртница“, бидејќи земјите членки на ЕУ во изминативе 12 години не можеа да се усогласат за промена на овие правила.

Со измените, меѓу другото, се воведува „право на пренасочување“, врз основа на кое авикомпаниите се должни во случај на откажување на нивните летови во рок од три часа да им обезбедат на патниците патување со други превозници или со алтернативни начини на превоз . Во случај на непочитување на ова правило, патниците имаа можат сами да организираат пренасочување и да побараат надомест во износ до 400 отсто од цената на купениот нов билет.

Авиокомпаниите со измените ќе бидат обврзани да им им пружат помош во форма на освежување, храна или сместување на патниците во случај на доцнење на летовите повеќе од три часа.

Во случаи на доцнење или откажување на летовите, патниците ќе имаат право да бараат надомест од авикомпаниите, чиј износ варива во зависност од должината дестинацијата на која се лета и времетраењето на доцнењето.

Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна

Доколку летот е на дестинација до 3.500 километри во рамките на ЕУ и доцнењето е најмалку четири часа надоместот изнесува 300 евра, додека за дестинации над 3.500 километри и доцнење од над шест часа тој е 500 евра.

Патниците ќе имаат право да бараат надомест и доколку за откажувањето на летот бидат известени помалку од 14 дена пред поаѓањето.

Дополнително се воведува и правото на „непојавување“, со што патниците имаат право да бараат надомест доколку авиокомпанијата на им дозволи качување на повратен лет, затоа што не го користеле дојдовниот лет.

Авикомпаниите ќе бидат должни да ги исплатат овие надоместоци во рок од 14 дена од поднесувањето на барањето за надомест.

Со измените, авиокомпаниите повеќе не ќе смеат да одбијат исплата на надомест повикувајќи се на „вонредни околности“, освен ако не докажат дека „ги презеле сите разумни чекори“ за да спречат доцнење или одлагање на летовите.

Авикомпаниите, исто така, се обврзуваат да ги информираат патниците за нивните права и можностите за жалби и побарувања уште при купувањето на билетите.

Со постигнатиот договор се менува регулативите на ЕУ за правата на патниците во авиопревозот и за одговорност на авиокомпаниите, веќе ги утврдуваат правата на патниците во случаи да не име биде дозволено качување во авион, доколку нивниот лет е одложен или откажан, како и во случај на несреќи или губење, уништување или оштетување на багажот.

За договорот сега треба да се изјасни и Европскиот парламент и доколку европратениците ги поддржат измените, тогаш формално ќе треба да ги одобри и Советот на ЕУ, по што тие ќе стапат во сила.

Инаку, измените на овие две регулативи првично беа предложени во јуни 2013 година.

Tags: авионаеродромЕУпатници
Next Post

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос за 40 минути ќе се патува од Ресен до грчка Преспа

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk