ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: Нема место за еуфорија, растот во првиот квартал со слична динамика како и лани

June 6, 2025 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк оцени дека динамиката на растот на БДП во првиот квартал  се очекува да продолжи во текот на годинава, но укажува дека ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи.

– Во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за  три проценти на годишна основа, задржувајќи ја динамиката од претходната година. Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор и проекцијата од 3.5 проценти за целата 2025 година. Растот во личната потрошувачка (2.1 процент) е одраз на позитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и на забрзаниот раст на кредитната поддршка на домаќинствата, додека растот на јавната потрошувачка (1.1 процент) забави по интензивирањето во текот на 2024. Вкупниот раст на БДП е воден и од растот на бруто инвестициите (18 проценти), но овој раст останува високо варијабилен. Додека, извозот (1.2 проценти) и увозот (5.8 проценти) продолжија да ги рефлектираат неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент. На производната страна, растот во овој квартал е на поширока основа од претходно, со солидни остварувања кај преработувачката индустрија (3.7 проценти) и градежништвото (7.1 процент), но за сметка на благо забавување на растот на услугите (2.2 проценти), наведува Фајнанс тинк во објавениот Макроекономски монитор.

Како што дополнува, невработеноста во првиот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.7 проценти (од 11.9 проценти). Во овој квартал, посочува Институтот, продолжува постепеното намалување на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу две илјади нови работни места, а активноста на населението се задржа (52.4 проценти).

Сепак, загрижувачка е големата загуба на работни места во преработувачката индустрија (скоро 14 илјади), додека најмногу работни места се креирани во земјоделството, трговијата, јавната управа и образованието, укажува Фајнанс тинк.

Во првиот квартал од 2025, инфлацијата се задржа на 4.2 проценти на годишна основа, слично како и во претходниот квартал (4.1 процент). Опстојувањето на инфлацијата, оценува, е сврзано со структурата на дел од пазарите за храна, но и со сé уште присутните пренесени ефекти врз останатите компоненти на индексот на трошоците на живот (раст на базичната инфлација од 5.5 проценти), а резултат на солидниот раст на реалните доходи. Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост.

– Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи во текот на 2025 година. Ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи. Finance Think останува на проекцијата за раст на БДП во 2025 од 3.5 проценти, како и за цените од 3.1 проценти, стои во информацијата на Фајнанс тинк.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БДПФајнанс тинк

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk