ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, унапредување и поставување нови стандарди

June 9, 2025 15:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска во рамки на 54. седница се расправа по владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Премиерот Христијан Мицкоски во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем.

-Доктор Алиу е доктор по информатички науки. Професор, човек, кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние се уште трчаме. Време е тоа да се промени. И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Дали ќе биде лесно? Не. Нема да биде. Но дали е можно? Да. Затоа што веќе покажавме дека може. Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата. Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено, се изготвуваат и инфраструктурни проекти, изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби. Ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот.  Во овој процес доктор Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата, но и силна лична одговорност. Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник, рече премиерот.

Мицкоски потенцира дека во овие речиси една година чекор по чекор го враќаат изгубеното чувство дека државата е тука за граѓаните а не спротивно. Посочи дека градат систем што не ги прави луѓето мали пред институциите, туку институции што служат на секој граѓанин подеднакво.

-Денеска сме овде за да го продолжиме тој процес и да го зајакнеме. Пред вас сум како предлагач на две кадровски решенија кои се донесуваат на два ресори – здравството и земјоделието. Ова не е само прашање на персонален избор. Ова е дел од поголемата слика, реформската насока во која се движи Владата и нашиот стремеж да го поставиме системот на нови здрави темели. Почнувам со здравството. Ниту еден сектор не ја одразува состојбата во едно општество како здравството. Тоа е огледало на државата во организација, во достапност, во човечност. Долги години гледавме како тоа огледало пука поради неодговорност, корупција, партизација и негрижа. Видовме клиники што се распаѓаат, апарати што не работат, лекови што ги нема, луѓе што чекаат со месеци за дијагноза или за терапија . Гледавме доктори како заминуваат. Медицински сестри кои се потценети. Пациенти кои ги губат и трпението и здравјето. Ние не ветивме дека ќе го промениме тоа преку ноќ, но ветивме дека ќе почнеме темелно и од корен, рече тој.

На седницата, на дневен ред, е и предлогот за именување на Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Премиерот Мицкоски во образложението на предлогот за Хоџа истакна дека тој е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот. Верува дека тој ќе даде силна енергија и додаде дека ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината.

-Земјоделството не е само економска гранка. Тоа е начин на живот. Тоа се семејства, села, иднина. Тоа се нашите полиња, нашата храна, нашата безбедност и за жал, и во оваа област беше запоставена со години. Земјоделците беа оставени сами, без визија, без поддршка, со илјадници проблеми и ниту едно системско решение. Долгови кои оваа Влада ги исплаќа почнувајќи од 2021, 2022, 2023 година, рече тој.

Премиерот потенцира дека овие две номинации не се изолирани одлуки, туку како што посочи, тие се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување, на поставување нови стандарди.

-Од првиот ден, Владата што ја предводам има јасна цел: да донесеме резултати.  Не декларации. Не оправдувања. Туку резултати. Во првите 100 дена обезбедивме стабилност. Сега веќе гледаме раст на економијата, зголемена наплата на даноци без зголемување на стапките, нови инвестиции и раст на индустриското производство.  Воведуваме ред во хаосот што го наследивме и создаваме услови граѓаните повторно да веруваат – не во партијата, туку во државата што функционира. Секако, ова не е крајот. Ова е само ново поглавје. Затоа што знаеме – предолго беа изневерувани граѓаните. Предолго чекаа. Предолго слушаа ветувања што никогаш не се исполнија. Токму затоа, нашата обврска е поголема. Ќе продолжиме со уште посериозно темпо. Ќе продолжиме со испорачување на мерливи резултати. Затоа, ве повикувам сите вас – да ги поддржиме овие предлози. Денес вие гласате за продолжување на еден процес на вистинска обнова, а не враќање назад, рече Мицкоски.

Во биографијата објавена на собраниската веб страница се наведува дека Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции. Алиу е дел од Алијансата за Албанците која остана во Вреди по оставката од 15 мај, годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

И предлогот за Хоџа да биде  заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е потпишан од премиерот Мицкоски. Во биографијата на кандидатот се наведува дека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлиуМицкоскиХоџа

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

(ФОТО и ВИДЕО) Над пет милиони Американци на „No KING” протести против Трамп за време на роденденската воена парада во Вашингтон

June 15, 2025

Најмалку осум лица загинаа, а над 100 се повредени во новиот бран ирански ракетни напади врз Израел

June 15, 2025
Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk