ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

June 12, 2025 16:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а се однесуваше на реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.

„На расходната страна на Буџетот, заклучно со април 2025 година, за камати на домашен долг се исплатени 3.397.000.000 денари (55,2 милиони евра), што претставува 40,52% од планираната сума за целата година (9.124.000.000 денари – 148,3 милиони евра). Ако со оваа динамика се продолжи, односно околу 10% месечно се трошат од вкупно планираните средства за камати за домашниот долг, тогаш до крајот на годината ќе треба да се исплатат околу 180,3 милиони евра по овој основ, односно ќе треба да обезбедите дополнителни 32 милиони евра.

За тоа како се движи домашното задолжување, зборуваат бројките – од почетокот на 2025 година до 20 мај, државата реализирала 12 аукции на државни обврзници со вкупна вредност од 17.052.460.000 денари (приближно 277,2 милиони евра).

Исто така, за камати на надворешен долг се исплатени 5.325.000.000 денари, што е 45,4% од планираното годишно ниво (11.721.000.000 денари – 190 милиони евра). Овде динамиката на месечно ниво е околу 11% од вкупно планираните средства, што значи дека ако се продолжи по овој пат, до крајот на годината ќе недостигаат околу 70 милиони евра (вкупно, треба да се наплатат 260 милиони евра). Овие податоци укажуваат на многу поагресивна динамика на задолжување отколку што беше планирано и најавувано од страна на Владата при проектирањето на Буџетот за 2025 година.

И покрај овој агресивен пристап во задолжувањето, Министерството за финансии во последниот извештај за јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година информираше за намалување на јавниот долг за 4,7 процентни поени споредено со крајот на 2024 година, односно од 62,4% на 57,7% од БДП (9,58 милијарди евра), што во апсолутен износ претставува намалување од 36 милиони евра. Но ова намалување не го покрива зголемувањето кое го имаме кај финансирањето на каматните стапки за домашниот и надворешниот долг, каде ќе недостигаат над 100 милиони евра.

Кога сме кај проекциите за јавниот долг, тие се базираат на нестабилна основа – процентите се пресметани врз проекција за раст на БДП од 3,7%, а Државниот завод за статистика излезе со официјален податок дека растот на БДП во првиот квартал изнесува 3%.

Дополнително, Фискалниот совет излезе со извештајот за 2024 година, каде се забележува дека буџетските корисници имаат над 700 милиони евра доспеани, а неподмирени обврски, за кои, советот оценува, цитирам, „претставува дополнителен проблем за обемот и динамиката на јавниот долг“.

Со оглед на сето ова, моето прашање е:

Која е реалната состојба со јавниот долг на државата и дали Министерството за финансии планира да ја ревидира стратегијата за задолжување, земајќи ги предвид зголемените трошоци за камати, растот на БДП од 3% во првиот квартал и над 700-те милиони евра на пријавени доспеани, а неизмирени обврски на буџетските корисници?“, истакна Битиќи.

Димитриеска-Кочоска:  За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

 За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење  3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната Влада  се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.

– Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да збоурвате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години, рече министерката, во одговор на прашање од пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер за економски прашање за реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќиКочоска
Next Post

„Кој е следен?“: Наместо поддршка, семејствата на жртвите од Кочани од Мицкоски добиваат обвинувања

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk