Телата на двајца починати заложници беа пронаоѓани од јужна Газа во воена операција, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет во среда вечерта, прнесува Си-ен-ен.
Јаир Јаков беше убиен од милитантите на Исламски џихад за време на терористичкиот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година. Јаков, кој во тоа време имаше 59 години, беше убиен во кибуцот Нир Оз, а неговото тело беше однесено во Газа.
Неговиот партнер, Меирав Тал, и две од неговите деца беа земени како заложници, а потоа ослободени во текот на претходен договор за заложници.
Телото на уште еден заложник е исто така пронајдно, според ИДФ и Шин Бет, но второто име сè уште не е објавено на барање на семејството.
„Заедно со болката и тагувањето, чувствуваме извесно олеснување знаејќи дека двајцата ќе бидат погребани со достоинство – и дека неподносливото страдање што нивните најблиски го трпеа 614 дена сега може да се ублажи, барем малку“, се вели во соопштението на Форумот на семејствата на заложници и исчезнати лица.
Според Форумот за заложници и исчезнати семејства, во Газа остануваат 53 заложници, од кои еден е држен од 2014 година. Од нив, се верува дека најмалку 20 се живи, а 31 мртов, според израелската влада. Постои сериозна загриженост за состојбата на двајца заложници, соопшти владата.
М. Д. / Цивил Медиа