ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

June 12, 2025 20:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во законодавниот дом денеска се одржа 53. пленарна седница на која беа разгледани 14 од вкупно 20 точки на дневниот ред.

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од пратеничката и претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица со отворени листа не помина на денешната седница. За предлогот гласаа само 19 пратеници.

На седницата мнозинството пратеници ги донесоа Одлуката за распишување јавен оглас за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, измените на Законот за фитофармација, измени и дополнувања на Законот за животната средина, потоа измените на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измените на Законот за високото образование, како и Финансискиот извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година.

Во прво читање поминаа Предлог на закон за изменување на Законот за волонтерството, Предлог на закон за изменување на Законот за младински додаток, Предлог на закон за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, Предлог на закон за електронските комуникации, Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа.

На седницата со 78 гласови „за“ помина Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка, кој го поднесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, со кој бројката на новиот праг за независните кандидати ќе биде одредена од големината на општината.

На прдолжението на седницата кое ќе биде дополнително закажано меѓу точките кои треба да се разгледаат е  и Предлог законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, кој е во прво читање.

Претходно на седницата при усвојување на дневниот ред, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески ги обвини социјалдемократите и пратениците од редовите на Левица за политиканство, бидејќи, како што рече, не гласаа за усвојување на дневниот ред, иако по нивно барање точката за Кочани е ставена прва на дневниот ред.

Tags: Една изборна единицаЗајковаСобрание
Next Post

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk