САД му помогнаа на Израел да пресретне ирански ракети вечерва, изјавија два израелски извори за Си-Ен-Ен.
Други земји во регионот, исто така, ја поддржаа израелската воздушна одбрана на сличен начин како што го правеа тоа во претходните ирански напади врз Израел, истакна изворот за Си-Ен Ен.
Израелските цивили сега можат да ги напуштат своите засолништа, но треба да останат во близина, соопшти израелската команда на домашниот фронт.
Обраќајќи се директно до иранскиот народ во видео објавеновечерва, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика цивилите во Иран да „станат и да ги слушнат своите гласови“, велејќи дека борбата на Израел не е против нив, туку против иранската влада.
„Уште повеќе се на пат. Режимот не знае што го погодило, ниту што ќе го погоди. Никогаш не бил послаб“, рече Нетанјаху.
Израел го уништи најзначајниот објект за збогатување ураниум на Иран, „голем дел“ од неговиот арсенал на балистички ракети, врвни воени команданти и високи нуклеарни научници во текот на изминатиот ден, тврди Нетанјаху во видеото.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Иран „ги преминал црвените линии“ со испукување ракети врз центри за цивилно население и вети дека ќе плати „многу висока цена“ за своите постапки.
Исламската револуционерна гарда соопшти дека Иран извршил напади врз „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“, кои му припаѓаат на Израел.
Се наведува дека операцијата е наречена „Вистинско ветување 3“ и дека дополнителни детали ќе бидат објавени.
Во април 2024 година, Иран лансираше повеќе од 300 проектили – вклучувајќи околу 170 беспилотни летала и над 120 балистички ракети – кон Израел, но „99%“ од нив беа пресретнати од израелските системи за воздушна одбрана и неговите „партнери“, според израелската војска.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени
(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив