ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани се цивилизациски пораз, вели Крстевски

June 15, 2025 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, во емисијата „Политиканти“, рече дека ќе се кандидира за градоначалник како независен кандидат на престојните локални избори. Тој коментираќи ги политичките прилики во Кочани рече дека како поминува актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани може да се види по коментарите на социјалните мрежи.

Градоначалникот потенцира дека од централната власт Кочани досега не добило ништо.

„Веќе паднаа маските. Нема простор за калкулации и за финоќа. На социјалните мрежи може да видите како поминуваат ликов како нашиот пратеник, како поминуваат носителите на централната власт и сите институции кои се на некој начин вмешани на ова што му се случи на градот. Во иднина прототип за градоначалник ќе биде оној кој ќе има бескомпромисна војна со корупцијата во градот. Јас бев прв независен советник во два мандати со најголем број на гласови.“, истакна Крстевски.

Тој вели дека има многу голема разлика помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ и советниците од СДСМ во Кочани.

„Да бидам искрен има многу голема разлика помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советниците од СДСМ во Кочани. Мене за в.д. градоначалник поддршка ми дадоа советниците од СДСМ, Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не само според мене, туку според цело Кочани се цивилизациски пораз“, рече тој.

Крстевски истакнува дека Кочани и тој како градоначалник немале никаква поддршка од централната власт.

„Две недели немам одговор од министерката за Финансии за да ми закаже состанок, а не пак да ми биде одобрено барањето за новата градинка во Кочани. Откако сум јас градоначалник во Кочани нема дојдено ни еден министер, ниту имам остварено средба со некој министер. Од денот кога стапив на должност како градоначалник поднесов барање за средба со Премиерот до Кабинетот од премиерот, но немам добиено одговор. Го повикувам Премиерот да дојде во Кочани, тој е премиер на сите граѓани. Од централната власт досега не добивме ништо“, истакна Крстевски.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да коментира за обвинението поврзано со случајот во Кочани и повиците од СДСМ за негова политичка одговорност. Тој оцени дека станува збор за политички пораки од опозицијата и најави дека граѓаните ќе го дадат својот суд на претстојните локални избори.

-Не сакам да коментирам, цело време се трудам да не ја коментирам работата на обвинителството. Во суштина, генерално станува збор за политички пораки кои што доаѓаат од опозицијата. Одговорноста ќе ја видиме по три-четири месеци, на локалните избори граѓаните ќе кажат што мислат, изјави Мицкоски по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува вчера во Скопје.

Тој истакна дека не очекува граѓаните да го поддржат ставот на СДСМ, оценувајќи дека нивните обиди за политички поени ќе им се вратат како бумеранг.

-Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе го видиме многу скоро на избори. Така што, доколку граѓаните сметаат дека јас треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како што тоа беше во 2021 година. Но, знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и останатите кои што се обидуваат пркеу некрофилска кампања да добијат политички поен, мислејќи дека така и мене лично и на владата ќе им нанесат штета, мислам дека тоа им се враќа како бумеранг, рече премиерот.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Венко КрстевскиКочаниМицкоски

НАЈНОВО

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

Џенаро Гатузо нов селектор на италијанската репрезентација

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk