ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Ајде исправете се – па нели горди

June 16, 2025 12:54
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Македонската дипломатија и македонската политика би било добро да престанат да коленичат пред актуелниот бугарски политички фактор барајќи билатерални средби.

Мицкоски, Сиљановска и друштвото, малиот мнр демагог и така никој не го прашува, ја поминаа секоја мерка на понижување молејќи ја бугарската страна, некаде на маргините на претстојниот НАТО самит во Хаг кон крајот на овој месец, еден од нашите да се сретнел со еден од нивните на темата македонските ЕУ интеграции.

Цела галама со триста комбинации ја натоварија македонската јавност за тоа кој ќе одел во Хаг да се сретнел со тој оттаму, а ако не одел тој од таа страна, ќе одела таа од нашата ама таа таму не ќе се сретнела со тој туку ќе се сретнела со оној.

Еве малку попросто.

Прво желбата на Мицкоски, според неговите најави, му беше да се види со Радев. Но бугарскиот претседател го откажа своето учество на НАТО самитот и така му кидна и на нашиот премиер. За причините за неговото ескивирањето, не треба да се биде многу упатен па да му се прочитаат мотивите. Човекот русофил едноставно не сакаше да биде црната источна овца наспроти западните НАТО волци таму па на самитот ја праќа својата замена во ликот на бугарскиот премиер, гербаџијата Жељазков.

И, откако Мицкоски извиси за од него посакуваната средба со Радев, тој таму ја прешалтува нашата врховна командантка. Неа, и според нејзина изјава, не ќе и било непријатно да се сретнела со премиер кој, патем, не и е на ниво на нејзината функција ама, ете, ќе се жртвувала. Или така некако. Се` за татковината, нели.

Да не должам. Не само што понискиот по ранг Мицкоски сега не ќе се сретне со од него повисокиот по функција Радев туку, ниту има некаква најава од Софија дека повисоката по функција Сиљановска Давкова, во Хаг ќе се сретне со од неа понискиот по ранг Жељазков.

Впрочем, на сите досегашни апели за средба макар за време на паузите на НАТО самитот на крајот на месецов, бугарската страна воопшто не изреагира, ги отсвири.

А нашиве никако да прогледаат дека Софија ич уво не ја боли за било какви средби на темата ние и ЕУ.

Оттука, не е само впечаток туку факт дека колку нашиве повеќе ја мољакаат бугарската страна, таа оттаму возвраќа уште по арогантно и уште по игнорантно.

И, што сега по молкот од Софија на кукумичењата на премиерот наш за средба. По понижувањата со јавните повици преку медиумите на што бугарската страна одговара со игнор.

Ништо. Дури, под притисок на бриселските функционери и да се договори некоја попатна средба на Сиљановска со Жељазков, епилогот е однапред познат. Евидентно е дека оттаму, од кај источниот сосед, од таквото среќавање пак ќе излезе само уште едно ништо. Ќе е тоа уште една корпа и уште едно понизно подметнување.

А фино сите ве советуваа и уште ве советуваат и ве упатуваат да ја баталите Софија. Софија не е нашата ЕУ адреса.

За нас, за Македонија, за Македонците ако сакате, наш ЕУ соговорник е Брисел.

Брисел, а не Софија.

Затоа, доста со понижувања. Доста брукања. Доста виткате кичма пред службена Софија И `рбет, исто.

И запрете со коленичења. Ако не за моралот барем колената да не ве болат.

И, доста ги лажевте луѓето со идентитет, со јазик, со бугаризации бугараши докажани.

Ајде исправете се, нели горди.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од НоваТВ
Next Post
Фото: Скриншот од видео на WTHR

Почина демонстрантот застрелан на протестот „Без кралеви“ во Солт Лејк Сити

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk