ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две години без Крешник

Крешник Ајдини (16 јуни 1968 – 16 јуни 2023)

June 16, 2025 11:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тешко ми е да пишувам за Крешник. Особено затоа што беше извонредно прониклив и конкретен уредник, па секоја и најмала трага од патетика или вишок зборови во моите текстови ги ловеше со неумолива прецизност, а со својата убиствено деликатна духовитост, знаеше да ме насмее до солзи – на моја сметка.

Сега го нема.

Поминаа две години. Денеска ќе наполнеше 57 години. На овој ден нè напушти, на својот роденден. И јас денеска сакам да му се обратам, со сиот ризик дека ќе бидам патетичен и премногу емотивен – спротивно на неговата – истовремено топла и човечка длабочина и едноставност. И ќе бидам патетичен, со сиот ризик дека нема да пројдам низ неговиот филтер на – речиси британски – хумор и воздржливост.

***

2019 година

Крешник,

Две години без твојот глас и присуство, твојата остра и прецизна мисла… две години откако престана да чука твоето срце. Две години без нови шеги од твојот арсенал, твојата тивка сила, и твојата лојалност. Две години без твојата братска близина што никогаш не ја дефиниравме со зборови.

Немаме формална комеморација оваа година. Немам говор како минатата година. Знам дека ти ќе беше посреќен така – да нема официјални говори и комеморации. Но знам дека ќе беше восхитен и горд со концертот што го приредија Идриз Амети, Мухамед Ибрахими и твојот син, Јон, кој сега е веќе формирана музичка ѕвезда.

Секој ден мислам на тебе. Секој ден те спомнуваме во Редакција. За тебе знаат и новите колешки и колеги. Кога би се појавил од некаде, ќе биде како никогаш да не си заминал. Во изминатите две години не еднаш ми се случи да посегнам по телефонот да ти се јавам да се консултирам со тебе за важни прашања. И тогаш, во дел од секунда, ти си тука, присутен и реален, за веднаш потоа да настапи големото Отсуство.

Како и секогаш, во одлуките што треба да ги донесам, секогаш имаш свое место. И знаеш веќе, често постапувам и различно од твојот совет. Се разбира, потоа си велам – требаше да постапам како што би постапил Тој.

Сè уште си присутен на безброј начини. Во нашата Редакција. На улица. На терасата од новото кафуле веднаш до ЦИВИЛ. Во смеата што експлодира по некоја досетка што личи на твојот начин на размислување. Тивка, неизлеана солза тогаш е како ехо на смеата.

Да, замина.

Но присутен си.

Присутен си на безброј прекрасни начини.

Не во минатото.

Сега.

Сакан.

Крешник.

Tags: ин мемориамКрешник Ајдини
Next Post
[Photo credit: crimefeed.com]

Во Иран погубен израелски агент на Мосад, уапсен во 2023 година

НАЈНОВО

Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk