На денешната 65-та седница на Советот на Општина Кочани се случи сериозен инцидент, при што беше избегната физичка пресметка меѓу членовите на Советот.
Тензичната атмосфера кулминираше по вербална расправија помеѓу советникот Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков.
Во текот на инцидентот, со фрлено шише во глава била погодена правничката на општината, Ана Кралева. На местото интервенирала екипа на Министерството за внатрешни работи, а сите инволвирани лица биле повикани во полициска станица за да дадат изјави.