ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025 16:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.

-Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 процент повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари. Растот на планираните средства е резултат на зголемени неданочни приходи – административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите, што ќе овозможи тековното работење и програмските приоритети наместо со целосно финансирање од буџетски средства да ги финансираат со користење средства од сопствени приходи, информираше министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.

Како што дополни, даночните приходи остануваат непроменети. Според министерката, тоа е резултат на остварените приходи и подобрената методологија која што се користи за проектирање, која придонесува за помали отстапки меѓу проекциите што се прават и остварувањата на тие проекции.

Димитриеска-Кочоска информираше дека вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу 1 процент, односно за околу 3,5 милијарди денари како и на приходната страна, и се должи пред се на развојната компоненета.

-Со предложените измeни, или ребаланс вршиме реалокација на средства меѓу буџетските корисници, дообезбедуваме средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде обезбедивме раст на платите на вработените од 10 проценти. Исто така, обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци и најважно е обезбедувањето дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи, додаде Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари, а измените се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана.

Исто така, како што посочи, продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари.

-Инвестициите остануваат приоритет на Владата и тоа го следи овој Предлог-ребалансот на Буџетот, а целта е да ја поттикнеме економската активности и да го оствариме проектираниот раст. Оттука, со Ребаласнот не се ревидира стапката на раст и таа останува на 3,7 проценти, како што беше проектирана и со Буџетот за 2025 година. Остварувањата во првиот квартал и регистрираниот раст на БДП од 3,2 проценти прилагоден согласно сезонските и календарските податоци, е јасен сигнал дека проекцијата е остварлива и реална, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцира оти очекува таквиот тренд да продолжи и во наредниот период поддржан пред се од домашната потрошувачката, зголемените инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, финансиската поддршка на инвестициската активност на домашните производни компани, но и мерките за зголемување на расположливиот доход на домаќинствата, а имајќи го предвид незивесното окружување и послабата побарувачка на нашите главни трговски партнери.

Како што појасни, инфлацијата, која што на почетокот на годинава регистрираше нагорен тренд, се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти.

-Проекцијата за инфлацијата ја темелиме на очекувањата за доследна примена на законските прописи, пред се на Законот за нефер тргоски праткики, кои треба да спречат неоправдано зголемување на цените, особено кај основните прехранбени производи. Измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година кои се усвоени од Владата се потврда на фискалната политика и нашите напори за фискална консолидција и домаќинско управување со јавните средства, односно парите на даночните обврзници, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа дополни дека буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

-Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со Ребалансот. Дисциплинираниот пристап во упраувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на тоа каде се крати, Димитриеска-Кочоска рече дека најмногу се крати од Владата, во најголем дел има прераспределба меѓу инвестициите.

Tags: БуџетВладаГордана Димитриеска-Кочоска
Next Post

Валенсија донесе нов голман, Димитриевски можно е да си бара друг клуб

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk