Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, по повод Светскиот ден на бегалците, изјави дека да се стане бегалец никогаш не е избор, но изборот е начин на кој ќе одговориме на тоа.
„Да избереме солидарност, храброст и човечност“, рече Гутереш, нагласувајќи дека солидарноста мора да оди подалеку од зборовите, пренесува денеска италијанската новинска агенција АНСА.
Тој повика на конкретни акции за давање поддршка на оние кои се принудени да бегаат.