ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Проекции на НБ: Годинава економски раст и инфлација од 3 проценти

June 20, 2025 09:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со октомвриските проекции, оценува Советот на Народната банка. На редовната седница, како што информираат од централната банка, бил усвоен најновиот квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции.

– Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година. За оваа година се очекува раст од 3 проценти, што претставува мала надолна ревизија во однос на октомвриската оцена, во услови на понеповолно надворешно окружување. За периодот 2026 − 2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст на економската активност од 4 проценти. Се очекува дека главен носител на економското закрепнување ќе бидат пред сè инвестициите, поддржани од јавниот инфраструктурен циклус и странските инвестиции. Позитивен поттик се очекува и од личната потрошувачка, во услови на раст на расположливиот доход и на кредитирањето. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни, наведува Народната банка.

Оттаму очекуваат натамошен тренд на забавување на инфлацијата. – Најновите оцени упатуваат на просечна стапка на инфлација од 3 проценти во 2025 година, наспроти октомвриските согледувања за инфлација од 2,5 проценти. Оваа промена ги одразува малку повисоките остварувања во првиот квартал оваа година, но и нагорните ревизии на оцените за цената на суровата нафта и на основните прехранбени производи на светските берзи. Сепак, и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2 проценти во 2026 година и ќе се задржи на тоа ниво и во 2027 година. Ризиците за инфлацијата во најголема мера се поврзуваат со геополитичките тензии, трговската неизвесност предизвикана од протекционистичките политики, нарушувањата на синџирите на снабдување и климатските фактори, се наведува во соопштението од Народната банка.

Очекувањата се дека надворешната позиција на економијата на среден рок ќе биде стабилна. За годинава се предвидува умерено продлабочување на дефицитот на 3,2 проценти од БДП што според централната банка ќе произлезе од понискиот суфицит кај секундарниот доход, согласно очекувањата за стабилизирање на номиналниот износ на нето-приливите од приватните трансфери, како и од проширувањето на дефицитот на стоки и услуги. За периодот 2026 − 2027 година се очекува подобрување на тековната сметка, при проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,7 проценти од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува задржување на девизните резерви на соодветното ниво.

Во однос на банкарскиот систем, од централната банка оценуваат дека тој и понатаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка за економијата. До крајот на годинава се очекува дека кредитниот раст ќе изнесува 9 проценти. Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,3 проценти за периодот 2026 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидносна позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот од годинава се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,5 проценти, а на среден рок за периодот од 2026 до 2027 година од околу 7,7проценти во просек.

– Во првото тримесечје на 2025 година, Народната банка продолжи со постепеното нормализирање на монетарната политика, со намалување на каматната стапка во февруари. Оттогаш наваму не се направени промени во монетарната политика, во услови на поволни движења, но поизразени ризици. Засега, се оценува дека сегашната поставеност е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците од надворешното и домашното окружување и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност, велат од централната банка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инфлацијаНародна банка

НАЈНОВО

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска страна

June 20, 2025

Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

June 20, 2025

Додик повторно надвор границите на БиХ, во Русија во интервју зборува за Трамп, Путин и „колапсот на Европа“

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk