ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

June 21, 2025 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Во јавноста излегоа нови, сериозни сомнежи поврзани со скандалот за јазичниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Последното истражување на БИРН, од увид во документацијата открива нови сомнителни и скандалозни детали за валидноста на ТОЕФЛ сертификатот по кои мора да постапат институциите, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Прво. За јазичниот сертификат Христовски полагал од дома. А во интервјуто за македонски медиум Христовски рече дека полагал преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив. Дали Христовски излажал за да покрие скандалот?

Понатаму, трите дела од испитот, читање, слушање и пишување, Христовски ги полагал на ист датум, на 22 март 2022 година а делот „говорење“ го полагал пет дена порано.

Тоа е спротивно на правилата на ЕТS, каде тестот трае околу два часа за сите четири дела, а паузите се забранети.

На самиот документ стои дека резултатите од сертификатот важат две години, значи март 2024 година. А Христовски беше именуван за директор во октомври 2024 година, што значи седум месеци по истекот на важењето. Очигледно и приложениот сертификат од страна на Христовски е со помината важност.

Овде има и еден клучен факт: Кодот на тест-центарот наведен во сертификатот на Христовски не е од Пловдив, како што тврдеше тој, туку од Софија. Истиот тој центар нема никаква врска со студиото „Јулија“ на кое се повикува директорот на АНБ.

Дополнително, документот што го покажува неговиот резултат е верзија што може самиот кандидат да ја испечати, без никаква гаранција за автентичност од ETS.

Сомнеж до сомнеж, нелогичност до нелогичност, лага до лага.

Овој скандал не е само прашање на валидност на документ – ова е прашање на правда, прашање на груба партизација и институции кои штитат владини функционери од одговорност.

Сега е јасно како ден е дека Обвинителството – преку скопскиот обвинител Владимир Милошевски – го штитеше Бојан Христовски за да се заташка скандалот.

Селективноста ја руши довербата во институциите и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт правдата е задушена а тоа е недозволиво.

СДСМ денеска јавно бара:

-Отворање на нова, независна истрага за случајот Христовски.

-Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отвори предметот бидејќи по Закон е надлежна.

-Обвинителството да побара од ETS – единствената овластена институција – да ги открие официјалните податоци за полагањето на Бојан Христовски.

Јавноста да ја дознае целата вистина а сите инволвираи во овој скандал мора да одговараат.

Одговорност мора да има“, истакна Кузеска.

Next Post

(ФОТО) „Ограничена мобилност“ - уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk