ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии

June 25, 2025 16:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со предложените измени на Законот за воздухопловство, што по скратена постапка денеска добија поддршка во матичната собраниска комисија, се предлага да се зголеми од три на шест години периодот за финансиска поддршка за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација.

– Сегашната регулатива предвидува финансиска поддршка во траење од три години за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација. Со цел да се поттикне развојот на пошироки мрежи на рути и да се поддржи одржлив раст на поврзаноста, се предлага зголемување на периодот на поддршка до шест години, се вели во Предлог законот, поднесен од  пратениците: Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Јане Мицевски, Катерина Димитровска и Тони
Јаревски.

Според Предлогот, во Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/24, 224/24 и 3/25) во членот 49 став (3) зборот „тригодишна“ се заменува со зборот „шестгодишна“.

По Предлог законот не беа поднесени амандмани и Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Основни цели на Предлог законот за изменување на Законот за воздухопловство е овозможување на поголема флексибилност и поттик за развој на воздушната мрежа, што ќе резултира со подобра поврзаност, економски развој и поконкурентни цени.

Поддршка од собраниската Комисија денеска доби и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта, исто така поднесен од група пратеници.

Со измените, меѓу останатото,  треба да се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ за плаќање патарина, освен во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и во други места. За таа цел ЈПДП треба да распише јавен повик со што правни лица кои ќе ги исполнат исполнуваат условите би можеле да вршат, продажба и надополна на М-ТАГ-овите.

– Досега иако имаше интерес од граѓаните, заради недостапност, односно можеа да се набават само во просторите на ЈПДП, се овозможува можност за избор на оператор што ќе направи мала дистрибутивна мрежа каде на граѓаните оваа услуга и овие можности и апаратчиња би им биле подостапни, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Тој образложи дека со законските измени се дефинира што се подразбира под експресен пат што, потенцираше е многу важно за изведбата и динамиката на градба на нови патишта.

– Се овозможува  и поставување различни алатки, инструменти согласно Законот што може да го забават сообраќајот, бидејќи во Македонија на делниците кај експресните патишта се наоѓаат многу школи, болници, градинки, итн.,  што може да доведе до ризик здравјето и ризикот на нашите граѓани. Исто така се земени предвид искуствата од сообраќајните незгоди и сметаме дека ќе може да помогне многу при зголемување на безбедноста, рече Јаревски.

Tags: воздухопловствоизменет законот
Next Post

(ВИДЕО) Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk