ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шмит ги повика властите на Република Српска да се воздржат од понатамошни дејствија по прредлог законот за формирање резервни полициски сили

June 25, 2025 11:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Босна и Херцеговина ги повика властите на ентитетот Република Српска да се „воздржат од понатамошни дејствија“ по предлог-законот за формирање резервни полициски сили, бидејќи станува збор за надлежности на институциите што бараат координирани и сеопфатни одговори на ниво на целата земја.

Денот откако Владата на РС ги усвои измените на Законот за полиција, со кои се овозможува формирање на таканаречениот помошен состав, ОХР за Радио Слободна Европа изјави дека објаснувањето дадено за формирањето на резервниот состав на полициските сили е нејасно.

„Изјавите на министерот за внатрешни работи на РС сугерираат дека целите за кои се формираат резервните полициски сили може да вклучуваат, меѓу другото, управување со границите и миграцијата, како и операции против беспилотни летала, кои се прашања во надлежност на неколку различни институции што бараат координирани и сеопфатни одговори на ниво на целата земја“, изјави ОХР.

ОХР додава дека предложеното формирање на резервни полициски сили и последователните реакции „не придонесуваат за зајакнување на мирот и стабилноста во БиХ“ и дека „со оглед на историскиот контекст на резервните полициски сили во БиХ, фактот дека оваа иницијатива генерира недоверба не е изненадувачки“.

„Во оваа светлина, решително ги повикуваме властите на РС да се воздржат од понатамошни дејствија во врска со овој законски предлог и, наместо тоа, да се вклучат во дијалог со колегите на државно ниво и во рамките на Федерацијата на БиХ“, изјавија од ОХР.

Владата на Република Српска пред два дена, го одобри Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи по итна постапка, изјави министерот за внатрешни работи Синиша Каран, јавуваат српски медиуми. 

Кога станува збор за измени на Законот за полиција и внатрешни работи, ова вклучува формирање резервна полициска сила.

„Тоа е соодветен одговор од МУП, кој е секогаш потребен, а за тоа ни е потребен поголем број полицајци“, рече Каран, додавајќи дека во моментов има недостиг од 1.019 полицајци во МУП.

„Можноста за мигрантска криза е една од причините, но и други фактори, јавни собири, сообраќај. Минатата година имаше 2.750 јавни собири, а сега добиваме прослави каде што неколку илјади полицајци ќе бидат на обезбедување. Во локалните заедници ќе ја користиме помошната полиција, кога има поплави, кога бараме исчезнати лица и ни недостасуваат полицајци“, објасни Каран.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

Без активно жариште пожарот на грчкиот остров Хиос – изгорени над 6.000 хектари

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk