Џелал Хоџиќ: Гледам голем сеир на социјалните мрежи за гафовите на Гордана Сиљановска-Давкова, но мислам дека работата воопшто не е за смеење.
1. Дали има друг претседател на било која држава во светот, кој не разликува дали се среќава со потпреседател на САД или со државниот секретар на САД?
2. Дали има претседател на било која држава во Европа, а да не го знае името на потпреседателот на САД?
3. Дали има друг претседател на било која друга држава – членка на НАТО, да вака неспремен предводи делегација на својата држава на Самит на НАТО?
Овде може да се постави и прашањето за стручноста на соработниците од кабинетот со кои е опкружена Сиљановска – Давкова, кои исто така дозволиле Претседателката на РСМ вака да се бламира на јавна сцена. Но ова е бламажа и за Република Северна Македонија како држава.
Очигледно е дека Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера. Можеби некој треба да ја потсети Сиљановска-Давкова, дека САД се најмоќната држава во светот, а притоа е и стратешки партнер на државата на која она е претседател.
Извор: Нова ТВ