ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муртезани: Позициите на Бугарија мора да се разделат од оние на останатите земји членки на ЕУ

June 26, 2025 14:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека е неопходно да се направи разлика помеѓу ставовите на Бугарија и останатите земји членки на Европската Унија кои го признаваат македонскиот идентитет и јазик, кога станува збор за билатералните прашања.

Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и заедничка позиција на сите земји членки на ЕУ, со тоа што би се издвоило што е прашање на билатерален идентитетски аспект, и што е прашање на пристапување во Унијата.

-Мислам дека поединечно ако ги слушаме сите 26 други земји, сите го признаваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа не е спорно. Меѓутоа со Резолуцијата, нивната волја дополнително ќе се потврди. Затоа ние инсистираме да се разделат позициите на другите земји членки и Бугарија, по однос на билатералното прашање, изјави министерот по денешната тркалезна маса „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“ што се одржа денеска во Македонската академија на науките и уметностите.

Во однос на реформите и уставните измени, Муртезани нагласи дека процесот е во тек, но дека за вклучување на Бугарите во Уставот е потребен поширок политички договор.

-Првиот дел е што се однесува до реформите и којшто е се работи во континуитет. Дел од реформите се спроведуваат со поголем интензитет, дел со намален интензитет. Меѓутоа тоа е процес којшто оди. Што се однесува до вториот дел од прашањето, односно вклучување на Бугарите во преамбулата на нашиот Устав, тоа е прашање за коешто треба поширок политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието. Сѐ додека немаме широк политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието, а пред тоа треба сите тие наши грижи или барања да бидат ставени на маса, и разговарани, нема да има политички простор да направиме чекор напред, рече Муртезани.

Околу можноста за внесување на придавка „модерна“ пред македонски јазик и идентитет во извештајот на Европскиот парламент, министерот повика на трпение и воздржаност.

-Прво мислам дека не треба од сега да прејудицираме. Да видиме како ќе се одвива процесот до крај. Ние се надеваме дека тоа што помина во првиот чекор треба да се заврши во вториот. Меѓутоа тоа е прашање на внатрешен политички консензус во ЕП. Секако дека ние би сакале идентитетот да остане таков како што ние сметаме и го чувствуваме, меѓутоа да чекаме финална одлука па после ќе видиме, порача министерот.

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

По гласањето бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложат дополнение со „мислење на малцинството“.

Бше поднесен амандман по скратена постапка за вметнување на зборот „модерен (современ)“ пред македонски јазик и идентитет во Извештајот, но согласно Деловникот за работа, тој не беше ставен на гласање затоа што против таквиот предлог се изјаснија најмалку шест пратеници членови на АФЕТ. Деловникот предвидува дека предложен амандман нема да биде  ставен на гласање, доколку против предлогот се изјаснат најмалку петмина европратеници.

Извештајот треба да се најде на пленарна седница на Европскиот парламент на заседанието од 7 до 10 јули во Стразбур.

Tags: бугаријаЕУМуртезани
Next Post

Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk