ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија

June 27, 2025 09:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

На јунскиот Самит на ЕУ се фокусиравме на тоа како да обезбедиме посилна позиција за Европската Унија на глобалната сцена преку зајакнување на европската одбрана, зацврстување на партнерствата и зајакнување на конкурентноста на Европа, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на прес-конференцијата одржана денеска нешто по полноќ, по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади за членките на ЕУ.

–  Во НАТО, 23 земји членки на Европската Унија одлучија да трошат повеќе, а ние работевме на тоа како да трошиме подобро инвестирајќи заедно, порационално и поефикасно како тим, преку поврзување на побарувачката, заедничките набавки, стандардизацијата, поедноставувањето и зголемувањето на европското истражување, европската индустрија и европските работни места, со цел овозможување на европската безбедност и просперитет, рече Кошта на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и полскиот премиер Доналд Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Кошта нагласи дека на ЕУ и е потребно зголемување на инвестициите во одбраната, ефикасност и фер распределба на товарот, за да изгради заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија.

– Безбедноста на Европа е поврзана со безбедноста на Украина. Затоа продолжуваме да се залагаме за праведен и траен мир, а воедно го отвораме патот за членство на Украина во Европската Унија. Во врска со ова, нашата цел останува цврста и непроменета, потенцира Кошта.

Тој додаде дека во исто време, ЕУ продолжуваа со притисокот врз Русија преку 17-те пакети санкции и подготовките на „нов моќен пакет“.

– Ние цело време кажувавме дека целосната руска инвазија врз Украина сериозно ја поткопува глобалната безбедност и меѓународниот поредок заснован на правила. Почитувањето на меѓународното право и Повелбата на ОН, која беше потпишана точно пред 80 години, беше основа на нашиот став за Украина. Тоа е исто така основа и на нашиот став за Блискиот Исток, рече Кошта.

Претседателот на Европскиот совет нагласи дека прекинот на огнот меѓу Израел и Иран е важен чекор кон враќање на стабилноста во регионот и сега е потребно фокусот да се насочи на ефикасна дипломатија за да обезбеди на траен и одржлив начин дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да се здобие со нуклеарно оружје.

– Секој целосен, одржлив мир на Блискиот Исток бара трајно решение во Газа… Нашата сеопфатна стратегија е јасна: за да имаме вистински мир на Блискиот Исток, од суштинско значење е решението со две држави да стане реалност. Треба да постигнеме напредок во оваа насока, потенцира Кошта.

Според него, за зајакнување на позицијата на Европа на глобалната сцена, потребно е и подобрување на конкурентноста и зајакнување на врските со клучните партнери.

– Просперитетот на нашите граѓани зависи од глобалната стабилност и безбедност, заклучи Кошта.

Фон дер Лајен од своја страна оцени дека овој Самит одржа во важен момент во услови на сериозна геополитичка и геоекономска нестабилност, поради што е потребно ЕУ да ги координираме своите одговори на овие предизвици.

Таа потсети дека за таа цел ЕУ го подготви планот „Ревооружување на Европа“ што треба да обезбеди зајакнување на европската одбранбена подготвеност и заеднички инвестиции во одбраната.

– Не е прашање само колку трошиме, туку и како трошиме. Градиме вистински пазар на ниво на цела ЕУ за одбранбена опрема со засилен обем, интероперабилност и ефикасност. Ова започнува со отстранување на бариерите и поедноставување на процедурите, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде и дека преговорите остануваат единствениот одржлив пат за напредок на Блискиот Исток, но и дека не сме да се изгуби од вид хуманитарната ситуација во Газа, која останува ужасна и неподнослива.

– Хуманитарната помош треба веднаш и непречено да стигне до Газа, брзо и во голем обем. Европа ќе продолжи да повикува на одржлив прекин на огнот и ослободување на заложниците, што ќе доведе до траен крај на непријателствата, истакна Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК оцени дека покрај воената, економската и политичката поддршка на Украина, мора да продолжи и да притисок врз Русија со цел да се натера да се вклучи во сериозни разговори, почнувајќи со вистинско прекин на огнот.

– Нашиот 18-ти пакет санкции има за цел да го направи токму тоа. Треба да бидеме во позиција наскоро да имаме договорен пакет, порача Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на трговските разговори со САД, соопштувајќи дека ЕУ вчера го добила најновиот американски предлог за понатамошни преговори за царините.

– Го оценуваме додека зборуваме овде. Значи, нашата порака е јасна: Подготвени сме за договор. Во исто време, се подготвуваме за можноста и да не се постигне задоволителен договор. Доколку е потребно ќе го браниме европскиот интерес. Накратко, сите опции остануваат на маса, додаде Фон дер Лајен.

И Кошта и Фон дер Лајен ги поздравија постигнатите резултати во усвојувањето на повеќе стратешки одлуки за време на Полското претседателство со ЕУ и му изразија благодарност на Туск за заложбите на Полска.

Туск се заблагодари на пофалните зборови на Кошта и Фон дер Лајен за работата на Полското претседателство во изминативе шест месеци, нагласувајќи дека Полска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во особено тешко време.

– Сепак, заедно со нашите партнери решивме да се обидеме да постигнеме напредок во „будењето“ на Европа и во текот на овие шест месеци, без претерување, можам да кажам дека Европа ги отвори очите и денес е подготвена за голем пробив во тие тешки времиња. ЕУ станува унија која не се базира само на идеали, илузии или празни надежи за подобар свет. Европската Унија е самосвесен глобален играч во време на војна, конфликти и несигурност, рече Туск.

Според него, сето она што е постигнато во изминатите шест месеци за изградба на побезбедна и поедноставна Европа, пријателски настроена кон граѓаните и бизнисите, само е почеток на преобликувањето на европската парадигма.

– Но, сета таа нашата работа ќе има смисла ако во следните месеци и години се задржи насоката кон оваа важна промена, нагласи Туск.

Тој се осврна и на Самитот на НАТО во Хаг од пред два дена, потсетувајќи дека на него беше постигнат договор за зголемување на трошоците за одбраната на ниво од пет отсто од БДП, праг, кој како што рече, Полска ќе го достигне уште оваа година.

– Денес за време на нашата дебата се надевам дека бев доволно убедлив и успеав да ги разубедам колегите кои сметаа дека е невозможно да се постигне издвојување на пет проценти за одбраната. Се надевам дека успеав да ги убедам дека тоа е можно и е потребно и покрај тоа што е тешко. За првпат Европа одлучи да ангажира големи ресурси за својата одбрана и јас лично сум многу среќен поради тоа, рече Туск.

Полскиот премиер нагласи дека пред 15 години Полска ја претставила својата идеја за изградба на Енергетска унија и денес е многу среќен што на крајот од Полското претседателство со ЕУ сите тие полски соништа од пред многу години се остварија и станаа европска реалност.

Туск истакна дека полската позиција во однос на поддршката на Украина отсекогаш била многу јасна. Тој оцени дека секогаш има некои загрижености дали ќе биде можен консензус за усвојување на некоја одлука, но на крајот тој секогаш се постигнува, изразувајќи дека тоа ќе се случи и околу одобрувањето на 18-тиот пакет санкции кон Русија.

– Нашата солидарност со Украина во нејзината борба денес стана нешто нормално, заклучи Туск.

Tags: европски одбранбен системКошта
Next Post
[Photo credit: crimefeed.com]

Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk