ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

June 27, 2025 07:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, синоќа на собирот со граѓани „Се среќаваме во Гостивар, посочи дека Ваљбон Лимани, актуелниот в.д градоначалник на општина Гостивар ќе биде кандидатот за уште еден мандат.

Таравари во обраќањето во центарот за култура „АСНОМ“ ги разреши дилемите околу кандидатурата на Валбон Лимани, испраќајќи јасна порака до оние кои, како што рече се обидуваат ја попречат.

– Ви кажувам оттука, Валбон Лимани не е кандидатот, туку тој ќе биде новиот градоначалник на Гостивар, рече Таравари.

Во говорот, лидерот на крилото на Алијансата за Албанците што се одвои од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ искажа огорченост од постапките на сопартијците Азир Алиу и Арбен Фетаи кои останаа во владината коалиција и ги повика да излезат на избори како кандидати.

– Едниот нека се кандидира во Гостивар, а другиот во Липково. Ако еден од нив добие над илјада гласови, јас ќе се повлечам од политиката, рече Таравари.

 

Тој зборуваше за актуелната политичка состојба и односите во владината коалиција, оценувајќи ги како неповолни за Албанците во Македонија, наспоменувајќи дека наскоро Алијанса ќе стане важен политички фактор и Албанците, како што нагласи, нема повеќе да им бидат измеќари на Македонците

Во својот говор, Таравари им се заблагодари на тројцата пратеници на АА, Садик Сулејмани, Ријат Шаќири и Халил Снопче за нивниот став во поддршка на партијата.

На собирот се обрати и вд градоначалникот Ваљбон Лимани кој кажа дека со напуштањето на владината коалиција, Алијанса станала посилна и ја има поддршката кај народот.

– Време е политиката повеќе да не се дели на партии, туку на добри луѓе кои го сакаат доброто на сите, а не само своето. Ќе славиме во октомври, а што се однесува до мене, среќен сум што ќе славам со вас во Гостивар, рече Лимани

На собирот се обратија и пратеникот Халил Снопче, претседателката на форумот на жени Елфете Изаири, претседателот на изборниот штаб Исак Љазами, организацискиот секретар, Гадаф Узаири и генералниот секретар Блерант Рамадани.

Tags: ГостиварЛиманиТаравари
Next Post

Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик - предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk