ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Договорените реформи со земјите од региoнот се 75 отсто имплементирани или се во тек, порача еврокомесарката Кос

July 1, 2025 14:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Скопје на прес-конференцијата на лидерскиот Самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст истакна дека лидерите прв пат се состанале да говорат за импламентацијата, оти се покажани првите резултати, како и дека 75 отсто од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или тој процес е во тек. Таа потенцира дека Планот за раст е клучен дел од она што се нарекува забрзана интеграција, каде што Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, како и во европските политики за одбрана, безбедност и подготвеност, пред земјите од него станат членки на ЕУ.

-Ако на минатиот Самит говоревме за плановите, сега дојдовме во фаза на имплементација, овој Самит првпат се однесуваше за имплементацијата. Ги покажуваме првите резултати, 75 проценти од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или во тек е нивно имплементирање. Една четвртина сепак не е изготвена и затоа ги поканувам лидерите да ја забрзаат оваа имплементација. Ајде сега да зборувам за конкретните резултати, коишто може да се видат. Земете ги на пример овозможување на плаќањето на многу побрз и полесен начин. Едноставно кажано значи дека младите претприемачи, на пример во Скопје или пак во Тирана може да добиват исплати од цела ЕУ, исто како деловните субјекти во Мадрид или во Виена. Ова важи за земјите од Западен Балкан, рече Кос.

Таа додаде дека се договориле за 11 приоритетни точки и нагласи дека транформацијата е нешто што претставува овој процес вклучен со Планот за раст.

-Денеска се сретнавне по речиси една година за да зборуваме на состанокот на лидерите од Западен Балкан и да се договориме кои се чекорите за сроведување на развојниот план и како истиот ќе се импелементира и како ќе се забрза пристапот кон ЕУ. На состанокот дадов јасна порака да се искористи оваа можност. Геополитиката се промени и гледаме вистинска заложба за проширување во главните градови на ЕУ. Треба да се изгради силна Европа која што ја контролира сопствената иднина. И затоа ни треба сите Европејци да работат заедно, како и земјите од Западен Балкан. Планот за раст, носи опипливи социекономски поволности за граѓаните на Северна Македонија и Западен Балкан, уште пред самото приклучување кон ЕУ. Затоа ваша одговорност е да го примените за добробит на вашите граѓани и на вашите деловни ентитети. За ова ќе ви помогне ЕУ, рече Кос.

Еврокомесарката нагласи дека на состанокот се говорело и за подобрување на врските, при што таа упати честитки за договорот со Бугарија за Коридорот 8.

-Честитки, за договорот со Бугарија да работите на Коридорот 8. Овој Коридор е важен, не само за Северна Македонија и Бугарија, туку и за целиот регион. Важен е за ЕУ, а особено е важен поради тоа што ќе учествува во новата стратегија за Црното Море, кое што само што ја усовивме на ниво на ЕК. Значи ќе ја поврземе ЕУ со централно азиските земји и Северна Македонија тука игра главна улога, рече Кос.

Таа истакна дека се разговарало и за роамингот нагласи оти лидерите имаат волја да работат во насока на промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за западнобалканските земји од 1 јануари 2026 година.

-Сфатив дека сите сме многу сакаме да се натпреваруваме и сигурна сум дека Северна Македонија ќе покаже резултати. Ова е нешто многу важно, ќе покажете дека вашите луѓе ќе можат да комуницираат преку телефон, без дополнителни трошоци. Може многу да постигнеме заедно и заедно со мојот тим и заедно со европската делегација овде во Скопје. Посветени сме на поддршка на нашите партнери и клучно е лидерите да го водат политичкиот процесот и јавно да комуницираат за нашите успеси, рече Кос.

И на прес-конференцијата се осврна на трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека државата се уште се опоравува од пожарот.

-Сакам да им упатам сочувство до семејствата и до блиските на жртвите и на повредените. Ваквите трагедии како Кочани не потсетуваат што е најважно во животот, а тоа е семејството, пријателите, заедницата ,односно луѓето коишто помагаат, односно тоа е солидарност на дело и солидарност од ЕУ кон нашите земји-кандидатки. Многу други Европејци беа покрај вас, ви помагаа во изминативе месеци. Мило ми е што се согласивме дека кога ќе дојдам на билатералните посети наскоро во Северна Макеоднија, заедно ќе ги посетиме повредените во Кочани, истакна Кос.

Next Post

Костадиновски: Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk