Дваесет и два наслова се избрани во поширокиот круг на книжевната селекција „Штефица Цвек“ од над 100 книги номинирани од регионалната книжевна заедница – книги од областа на прозата, поезијата, драмата, литературата за деца и млади, графички романи.
Како што соопшти „Колективот на Бунтовни читателки“, листата е сведена на 22 наслови „за кои може да се каже дека се квир-феминистички и уметнички развиени“.
-„Штефица Цвек“ оваа година, по четврти пат, продолжи да го крои регионалниот феминистички и квир избор што го носи нејзиното име. За изработка на моделот, потребно беше да се обезбеди материјал од корпусот на сите книжевни дела првпат објавени на БХСЦ или на македонски јазик во текот на 2024 година, се наведува во соопштението.
Избраните 22 дела и нивните автори се:
Билјана С. Црвенковска – Приказни од Ѕунливото Море (ИД-Концепт / Чудна шума, роман за деца)
Даниела Репман – Столица без наслон (Treći trg, роман)
Данка Ивановиќ – Омразени куќи (Партизанска книга, роман)
Драган Великиќ – Виенски роман (Лагуна / Meandermedia, роман)
Калина Малеска – Светот што го избрав (ИЛИ-ИЛИ, роман)
Катарина Митровиќ – Сите добри Барбики (PPM Enklava, роман)
Кица Колбе – Простување (ИЛИ-ИЛИ, роман)
Корана Свилар – Соба за девојчиња (Фрактура, роман)
Лука Козина – Бегство од телото (Buybook, поезија)
Луција Тунковиќ – Папочна врвца (Фрактура, роман)
Мак Маслаќ – Како се кршат чинивчиња (Durieux, поезија)
Марина Вујчиќ – Сигурна куќа (Фрактура / Лагуна, роман)
Марја Андријашевиќ – Рибарска лига (Oceanmore, збирка раскази)
Михаела Шумиќ – Човек волк (Imprimatur, роман)
Моника Стојановска – На крајот сѐ ќе биде како што треба (Полица, поезија)
Нада Душаниќ – Пловидба низ забранети теми (Raštan издaвaштво, роман)
Натали Спасова – Не ѝ верувај на баба ти (Скоро Театар, збирка раскази)
Оља Кнежевиќ – Страда фортуната (Hena.com, роман)
Румена Бужаровска – Тони (ТРИ, роман)
Тања Ступар Трифуновиќ – Долж остар нож лета птица (Лагуна, роман)
Фрањо Нагулов – Крвава книга (Durieux, 2024).
Јосип Чекољ, Доба на бескорисните умници (HDP, поезија)
Избрани се од жири во состав: Ивана Голијанин, Филип Кучековиќ, Душица Лазова, Марија Божиќ и Борисав Матиќ, а потоа жири за втор круг ќе го направи финалниот книжевен избор.
-Во поширокиот избор се наоѓаат книги што непретенциозно си поигруваат со востановените норми, не се плашат да бидат или да создадат несимпатични, сложени ликови; атмосферични книги што ве вовлекуваат во својот свет само за подоцна да ги изневерат вашите очекувања – но успеваат да ве задржат во доменот на непријатните теми, повикувајќи ве да размислувате надвор од рамките и да откриете нови начини за полесно поднесување на неизвесноста од светот што нè опкружува, соопшти „Колектив на Бунтовни читателки“.