ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК предлага намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 за 90 отсто

July 2, 2025 15:41
in ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска предложи измени на Законот за климата на ЕУ, со кои се поставува климатска цел за намалување нето емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото во 1990 година.

– Договорот за климатската цел од 90 отсто ни дава јасен светилник за насочување на нашите идни активности. Одговараме на барањата на Европејците кои цврсто ја поддржуваат климатска акција, изјави извршната потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера при презентацијата на измените.

Според неа, со измените ЕК останува решена да продолжи со своите климатски политики, кои, како што рече, се клучни за постигнување и на други цели на нејзината социјална и економска политика, како што се безбедноста и просперитетот на европските граѓани и компании.

– Ние не избираме помеѓу економијата и зелената агенда, туку ги избиравме и двете. Европа ја потврдува својата посветеност на фер, амбициозна и конкурентна зелена транзиција, додаде Рибера.

Еврокомесарот за клима, нула нето емисии на штетни гасови и чист раст Вопке Хукстра изјави дека со целта за ниво на 90 отсто емисии, ЕК останува на курсот на чистата транзиција.

– Знаеме зошто го правиме тоа од економски, безбедносни и геополитички причини и имаме план како тоа да функционира, рече Хукстра.

Според него, со измените на индустријата и земјите членки на ЕУ им се дава јасна насока и се поддржуваат нивните инвестициски планови, а воедно се осигурува и дека Европа цврсто останува на вистинскиот пат за да постигне климатска неутралност до 2050 година.

– Тоа ќе биде добро за граѓаните на ЕУ, за бизнисите и за нашата глобална конкурентност. Тоа е исто така важна алатка во меѓународната дипломатска работа на ЕУ за намалување на емисиите и развој на пазарите на јаглерод согласно Парискиот договор, додаде Хукстра.

Според оценките на Комисијата, ваквите измени не само што ќе им дадат сигурност на инвеститорите, иновациите и бизнисите, туку и ќе ја зголемат енергетската безбедност на Европа. ЕК проценува и дека ЕУ е на добар пат да ја исполни целта за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година за 55 отсто од нивото во 1990 година.

– Денешниот предлог се темели на постојната правно обврзувачка цел на ЕУ за намалување на нето емисиите на стакленички гасови и поставува попрагматичен и флексибилен начин за постигнување на целта за декарбонизирана европска економија до 2050 година, посочува ЕК.

Европскиот Закон за климата, кој стапи во сила во јули 2021 година, предвидува ЕУ да постигне климатска неутралност до 2050 година и намалување на нето емисиите на стакленички гасови до 2030 година за најмалку 55 проценти во споредба со нивото од 1990 година. Со предложените законски измени сега се поставува и нова цел за до 2040 година.

Според Комисијата, поставувањето на „средна климатска цел“ за 2040 година, има за цел да го одреди темпото на напорите за постигнување целосна климатска неутралност до 2050 година.

Измените на Законот сега ќе бидат доставени на разгледување до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, кои, согласно вообичаената законодавна процедура, треба да договорат усогласен текст на предлогот и да го одобрат.

Tags: ЕКемисии
Next Post

Две лица загинаа во шумски пожар во Шпанија

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk