ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна расправата по ребалансот на Буџетот

July 2, 2025 12:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево почна дебатата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој поднесени се над 200 амандамни.

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи дека предложените измени и дополнувања на Буџетот се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат, како што појасни, на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит.

– Целта е непречено извршување на Буџетот и одржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет. Со ревидираните фискални проекции се врши усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата, односно се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски и проектни активности со едновремено искористувања на средствата од предходните години на посебните сметки, наведе Јанкуловски.

Општиот претрес и амандманската расправа треба да завршат за десет дена.

СДСМ на прес-конференција во Собранието истакна дека „со ребалансот власта крати пари од граѓаните за таа да се луксузира, СДСМ поднесува 160 амандмани за да ги исправи неправдите“.

Поврзано: 

Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за таа да се луксузира, СДСМ поднесува 160 амандмани за да ги исправи неправдите

Tags: БуџетребалансСобрание
Next Post

Ливерпул ја одби понудата и од Баерн за Луис Дијаз, клубот нема намера да го продаде

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk