ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче за кандидатите за градоначалници: Изборот е резултат на детална анализа и консултации со општинските организации

July 3, 2025 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ продолжува со процесот на избор на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Претседателот на партијата, Венко Филипче, денеска на својот Фејсбук профил ги објави имињата на нови 11 кандидати, потенцирајќи дека изборот е резултат на детална анализа и консултации со општинските организации.

„Продолжуваме со изборот на кандидати за градоначалници, денеска ги објавуваме новите 11 кандидати на СДСМ за претстојните локални избори“, напиша Филипче.

Тој истакна дека процесот на селекција се базирал на резултати од анкети и разговори со членови на општинските организации, а кандидатите се избрани според нивниот интегритет, визија и посветеност.

„Секој од кандидатите е човек со интегритет, визија и силна посветеност кон развој на општината од која доаѓа – луѓе подготвени да се соочат со реалните проблеми на граѓаните и да понудат решенија кои носат конкретни резултати и подобар живот“, наведе Филипче.

СДСМ ги номинира следниве кандидати:

  • За општина Пехчево: Златко Николовски, член на Централниот одбор
  • За општина Босилово: Мариче Кармазичева
  • За општина Куманово: Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ
  • За општина Карбинци: Љупка Соколовска
  • За општина Василево: Ванчо Новоселски
  • За општина Сопиште: Звонко Васев, претседател на општинската организација
  • За општина Јегуновце: Дарко Блажевски, поранешен градоначалник (2017–2021)
  • За општина Охрид: д-р Асен Шајн, претседател на општинската организација
  • За општина Демир Хисар: Златко Кузмановски, актуелен претседател на општинската организација
  • За општина Струмица: Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација
  • За општина Дебарца: Љупчо Паункоски, претседател на општинската организација

Филипче нагласи дека процесот продолжува со истиот принцип на транспарентност и темелност.

„Продолжуваме со транспарентен и темелен пристап при изборот и на останатите кандидати, затоа што наш приоритет се интересите на граѓаните – да ги понудиме најдобрите кандидати за градоначалници со програма која ќе го подобри животот на граѓаните“, порача лидерот на СДСМ.

Прочитајте и…

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

 

Tags: ГрадоначалнициФилипче
Next Post

Мицкоски: Нова странска инвестиција на Гентерм вредна над 30 милиони евра, расте довербата во нашата економија

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk