ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Млечните производи, благото и зачинетата храна може да предизвикаат кошмари

July 3, 2025 16:55
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Честото јадење сирење и млечни производи – особено навечер, може да предизвика кошмари. Истото важи и за слатките и зачинетата храна, според ново истражување. Написот е објавен во психолошкото списание „Фронтиерс ин сајколоџи“ (Frontiers in Psychology).

Истражувачите ги проучувале искуствата на 1.082 студенти на Универзитетот „Мекјуан“ во Едмонтон, Алберта, Канада. Испитаниците одговарале на прашања за своите навики и квалитетот на спиењето, соништата и кошмарите, како и за можни врски на сѐ тоа со изборот на храна. Исто така, истражуван е и нивниот однос со храната во поширока смисла на нивното општо психичко и физичко здравје. Одговорите откриле силна врска меѓу интолеранцијата на лактоза и кошмарите. Значи, можно е гастроинтестиналните тегоби што ги доживуваат некои луѓе по внесувањето млечни производи, да бидат она што предизвикува негативни соништа.

– Кошмарите се полоши за луѓето кои не толерираат лактоза, и кои страдаат од тешки гастроинтестинални симптоми, а чиј сон е нарушен, истакна раководителот на испитувањата, д-р Торе Нилсен од Универзитетот на Монтреал.

Според него, ова има смисла, бидејќи науката знае дека и други „телесни бури“ може да влијаат на сонот.

– Кошмарите може да бидат многу вознемирувачки, особено ако се јавуваат почесто, бидејќи покажуваат склоност на будење на луѓето од сон во дисфорична состојба. Тие, исто така, може да предизвикаат однесување коешто го избегнува спиењето. И двата симптома можат да Ве лишат од мирен сон, додаде докторот.

Тој, имено, посочува дека промената на навиките во исхраната може да биде најдобриот начин за ублажување на кошмарите. Веста станува „уште полоша“, ако Вие сте љубител на благо, бидејќи слатките всушност се најдоа на врвот како најчесто пријавувана храна поврзана со променети соништа и кошмари.

Дури 31 отсто од испитаниците ги поврзаа своите најбизарни и вознемирувачки соништа со десертот, а 22 отсто – со млеко и млечни производи. Натаму, 16 насто отпаѓа на месото и 13 отсто на зачинетата храна. „Емоционално набиеното“ прејадување е поврзано со повознемирувачки соништа, додека пак, подолгите паузи меѓу јадењето здрави оброци им ги правеле соништата на студентите – поживописни и полесни за паметење.

Заклучокот на научниците е оти истражувањето му дава тежина на аргументот дека храната навистина може да го промени сонот и дека интолеранцијата на храна може да биде претходно непрепознаен извор на потешки или чести кошмари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: кошмариМлечни производи

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk