ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставен суд: Не може да се утврди постоење на дискриминација на судијата Андреј Димовски

July 3, 2025 17:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставиот суд на 15. седница одржана на 2 јули годинава оцени дека не е основано барањето на подносителот Андреј Димовски во кое тврди дека е дискриминиран по основ на социјален статус повикувајќи се на член 110 алинеја 3 од Уставот, но исто така е неосновано дека Судскиот совет преку Решение за оценување на неговата работа сторил повреда на правото на еднаквост уредено со членот 9 од Уставот.

Во овој случај, според Уставниот суд, отсуствува суштинскиот елемент за оценување при нееднакво постапување(дискриминација), а тоа е компаратор, односно лице кое било во слична или релевантно споредлива ситуација, а било третирано поинаку. Во оваа насока е и праксата на ЕСЧП која е користена во рефератот и според која компараторот е нужен критериум за да се оцени дали Судскиот совет постапувал без објективно и разумно оправдување.

-Во постапката пред Уставниот суд не се докажа дека подносителот Димовски е дискриминиран, бидејќи не е доволно подносителот само да наведе дека дискриминацијата е сторена поради неговата социјална припадност, или статус на судија кој се доусовршувал на пракса во Судот во Стразбур, потребно е да се наведе релевантна споредлива ситуација за дискриминацијата, која недостасува  во овој предмет. Имено, фактот којшто подносителот го изнел дека е различно третиран(дискриминиран) бидејќи е оценет само за 3 години кога бил судија во Граѓанскиот суд во Скопје, но не и за времето поминато во ЕСЧП во 2019 година, не е доволен за докажување на концептот на дискриминација како недозволено разликување, се вели во соопштението од Уставен суд.

Наводот на подносителот Андреј Димовски, дека оценувањето за три години, без 2019 година претставува дискриминација, може да се разгледува како можен проблем само доколку се покаже дека друг судија, со ист или сличен меѓународен ангажман, бил оценет поинаку. Во отсуство на таков пример, неоценувањето на 2019 година само по себе не може да се квалификува како дискриминација, бидејќи не е доведено во врска со лице кое е во споредлива положба, третирано поинаку.

-Имено, доколку не е засновано на објективни критериуми и доколку важи само за него, може да претставува повреда на правото на еднаков третман. Оттука, ако исклучувањето на една година поради меѓународен ангажман е само за одредено лице, и не е засновано на објективни критериуми, тоа може да создаде повреда. Но, во случај кога Судскиот совет нема воспоставена пракса и ова е единствен пример, не може да се утврди постоење на дискриминација, особено ако не постојат други судии со слична ситуација кои биле третирани поинаку, се вели во соопштението од Уставен суд.

Во конкретниот случај, Судскиот совет, како орган кој е посочен во Барањето, досега има одлучувано само во еден случај на упатување судија на времено стручно усовршување во ЕСЧП — конкретно за судијата Андреј Димовски. Надвор од овој случај, не е утврдено постоење на воспоставена практика или институционализиран пристап што би покажал различно постапување со слични ситуации.

– Оттука, не може да се говори за структурна дискриминација или селективност во примената на критериуми, се вели во соопштението од Уставен суд.

Tags: Андреј ДимовскиУставен суд
Next Post

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk