ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски од Струмица: Работевме, решававме проблеми додека тие од опозицијата се занимаваат со златни визи, симбол на златното богатење

July 4, 2025 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почнавме да градиме држава по мерка на граѓанинот, држава која ќе те слушне, држава која ќе те почитува и тоа што е најважно држава што ќе ти служи, истакна вечерва во Струмица премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибина „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Додаде дека Струмица овие промени ги чекала повеќе од кого било и оваа есен Мицкоски е сигурен дека ќе бидат заокружени со огромна победа на локалните избори.

-Премногу долго овој град и околните места беа заробени од една фамилија, која се однесува како Струмица да е нивен личен имот, а не град на горди струмичани. Заборавија дека Струмица му припаѓа на граѓанинот, не на фирмите и круговите во кои тие се затворија. Ние, иако ја водиме државата само една година, не го заменивме народот со дебелиот црвен килим. Работевме, решававме проблеми додека тие од опозицијата се занимаваат со златни визи, симбол на златното богатење на грбот на народот. Можеби во Дубаи им е убаво, но коренот е тука, во Струмица, во Македонија, подвлече Мицкоски.

Продолжи дека Македонија и Струмица се македонските земјоделци и помалку за една година се исплатени повеќе од 9 милијарди денари субвенции, направена е распределба на земјоделско земјиште, има раст на извозот од 5 отсто во првиот квартал, склучени се вкупно 2.109 договори на околу 6 илјади хектари и беше распишан јавен повик за помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност и таму се доставени 254 апликации.

Според претседателот на владејачката партија, граѓаните мора да бидат прво место и затоа се предвидуваат повеќе мерки.

-Гаранција за услуга во рок од пет денови во сите општини и институции оа нема да биде желба, туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга. Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата која што ја градиме, подвлече премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На трибината говореше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека со кампања ќе се подига свеста за купување домашни земјоделски производи, а воедно со тоа се јакне и домашната економија

-Во изминатите месеци работевме еден проект кој сакаме да поттикнеме купување на домашни македонски земјоделски производи. Исто така и преработки. Кампањата би се викала „Македонско најдобро“, во текот на наредните десетина денови ќе има и официјална презентација на истата кaмпaња со сите цели и аспекти кои што истата треба да се спроведат и да се постигнат“, рече Трипуновски.

На денешната трибина се и обрати Илија Стоилев претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и директор на АФПЗРР кој на самиот почеток истакна дека со преземањето на функцијата како директор се наследило состојба во која имало преку една милијарда денари заостанати субвенции.

-Затекнавме една ситуација, една состојба каде што преку една милијарда денари имаше заостанати субвенции што требаше да се исплатат, но Владата го препозна тој проблем и едноставно испрати силна порака кон земјоделците со алоцирање на средства за исплата на субвенции. Покажа и испрати силна порака дека нема да ги заборави земјоделците туку ќе им биде најголем поддржувач и тоа така после една година се покажа во реалноста дека навистина се случува, рече Стоилев.

-Ние во текот на оваа година можеби успеавме да поставиме добри темели на кои понатаму ќе ги работиме идните реформи. Оваа една година можам да кажам дека вреди многу повеќе од седумте години измината власт на СДСМ и ДУИ“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.

Според Влатко Стојкоски, организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државен пазарен инспекторат, по преземањето на одговорноста во ДПИ работеле со засилено темпо и со јасна цел да се обезбеди почитување на законите и еднаков третман на сите правни субјекти.

-А, пред се наша приоритетна цел е заштитата на потрошувачите, односно заштитата на граѓаните на Република Македонија, рече Стојкоски.

Тој посочи дека од први ноември 2024 година до први јули 2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши над 18 илјади надзори по правни субјекти, каде што се изречени над 4.500 мерки, односно над 110 милиони денари издадени платни налози и над 150 издадени решенија за забрана за вршење на дејност.

Додаде дека анализата покажа дека зголемувањето на цените на производите доаѓа од кај увозна прехранбена стока, додека зголемувањето кај домашните производи е минимално.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиСтрумица

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk