ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

July 5, 2025 11:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Дијалектиката на болката и блажеството, својствени на мазохизмот, а уште повеќе тежнението кон самоуништување, можат да објаснат многу од македонските работи.

Гомбрович, со таков пристап, ја објаснувал трагиката на Бруно Шулц, а ние можеме да ја објасниме трагиката на македонскиот сељак, односно на Македонецот како сељак, во чиста или малограѓанска форма, во ритуалите на бавното, но сигурно самоуништување.

-Леле, леле, што ни направија!!!

-Па овие се скроз луди!!!

-Простаци!

-Како не им е срам и страв од Господ и од судбината?!

Викаат едни.

А други викаат:

-То, Мики, то, смачкај ги гнидите предавнички!

-Европа може со џамче да ни го бричи!

-Да им покажеме на Шиптарите кој е газда во Македонија.

-Бугарите ќе ги пуштаме во Уставот дури откако Македонците ќе излезат!

-Има ли нешто пологично и подобро за крај на македонската историја?!

-И од крајот на Историјата како таков?

-Понеже крајот на Историјата е крај на маките и влез во највисоките форми на блажеството.

Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање.

Каква дистанца?

Каква супериорност?!

Хахаха!

Не би сакал дури и во ваков пристап да ги амнестирам од одговорност политичките и партиски актери, посебно вмро-дпмне како единствен субјект кој на деструкцијата и пријде систематски и, јас би рекол, мисионерски, но, сепак морам да кажам дека сите тие не би можеле да ја водат продолжената церемонија на смртта, да не е генетско-културолошката структура на Македонецот која се покажа тотално неотпорна на критериумите на нацијата и државата во светот што го викаме слободен, а слободен е курац.

Што, за жал, покажува дека нашето саморазбирање и историско, национално и културолошко втемелување, се неверојатно порозни и, јас би рекол, шупливи, многу поблиски до тие што не заебаваа отколку до нашите академици.

Тој момент заедно со одбивањето да се соочиме со вистината за него односно за себе, ја прави ситуацијата трагична, на моменти комична, срамно смешна, а вморонскиот концепт за нова национална преродба се јавува како обична подметачина која ќе го забрза крајот на стрвливиот, мрзлив и прилично прост народ.

Македонецот е, значи, како монах кој огнено се камшикува пред светите букви на вмро и одеднаш чувствува како камшикот престанал да биде орудие на тортурата, и станал орудие на блажеството.

За да постигне спас, тој како грешник измислува се пострашни маки, во што неописливо добро му помагаат  вмро и вмроналните медиуми кои му свират китка стравови, па китка радости од блиската смрт која се претставува како победа на Дафа над Ига Шјонтек во финалето на Вимблдон, но колку што болката е поголема и уживањето е поголемо, а гревот станува помил.

За понижувањето и покората не дава пет пари. Морално ништо не му значат. Напротив, пријатно му е се што го деградира и урива. На нормалноста и модерноста, па и на уметноста и се приближува како на езеро во кое би сакал да се удави ако мора да се оддели од своите овци.

Паѓајќи на колена пред Духот, доживува сетилно уживање.

Сака да биде слуга и ништо повеќе.

Го сака непостоењето.

Ова е Гомбрович, се разбира.

Што би рекла Мериен Мур: Кога од она во што се надеваа не испадна ништо, Македонците живнаа.

Односно одбиваат да излезат од рајот на самозалажувањето.

Од рајот на детството.

Колку повеќе работите се менуваат се повеќе остануваат исти.

Но, светот не останува ист.

Ние исчезнуваме од неговото видно поле.

Така умираме.

Има многу работи од кои морате да се откажете или кои ќе ви бидат одземени за да успеете.

Некој за да напише роман (Сонтаг), а друг да успее како нација.

За апликација на оваа филозофија се потребни идеја и елита.

Ние немаме ниту идеја ниту елита.

Македонците, обработени од вмро, мислат дека тоа од што треба да се откажат или да им биде одземено за да успеат, всушност е аспект на светскиот антимакедонски заговор.

Тоа значи дека се втурнати во совршено погрешно разбирање на времето.

Спасот го сметаат односно ги убедиле да го сметаат, дека е неподнослива жртва и смрт.

И затоа ќе умрат.

Хахаха!

Инаку, во врска со новиот пувеж што се шири низ големото национално седло од комитска чоја, демек ова околу идејата за дополнителен данок за немажени и неженети, еве тука една мисла на Вилијам Карлос:

„Разводот е знак на спознанието во ова наше доба, развод, развод!”

Бракот според програмата на мојата партија Офаманаман, завршува по сила на закон по 15 години, со можност тој рок да се продолжи за уште пет години.

А партиите се бришат од регистерот штом ќе наполнат 12 години!

Со исклучок на вмро-дпмне, која се брише веднаш!

Така ќе се динамизира општеството


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко Тричковскиидентитет

НАЈНОВО

Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

July 5, 2025

Шест патници повредени по пожар во авион на „Рајанер“ во Палма де Мајорка

July 5, 2025

Мицкоски вели растел извозот, ќе имало повеќе пари за граѓаните

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk