ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

July 6, 2025 16:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за прв човек на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври. На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, кој доаѓа од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник  Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, истакна дека на изборите влегуваат како фаворит, а тоа, посочи, значи уште поголема одговорност да направиме повеќе, да работиме домаќински, да градиме општини и да носиме одлуки за важни прашања.

Мицкоски рече дека одлуката за Ѓорѓиевски се темели на анкетите кои покажуваат дека води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ,  како и на резултатите како градоначалник.

– Како градоначалник на Кисела Вода со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните. Од она што јас можам да го кажам за Оце за периодот во кој го познавам, а го познавам многу долго време,  знам дека е исклучително мотивиран најпрвин да победи, а потоа и да победува секој ден и за градот Скопје и за  скопјани, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Ѓорѓиевски е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми, нова енергија каква му е потребна на Скопје, како што истакна, после четиригодишно девастирање и замреност на градот.

Кога сме кај Градот верувајте ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот, пред се што Орце е веќе докажен во Кисела Вода и делата што ги направи говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. Убеден сум дека со задничка работа и со централната власт и Владата за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучни проблеми з апревозт, хигиената, урбаниот хаос. ќе понудиме програма но и заедника работа и визија, наведе Мицкоски.

Народот, нагласи, сака свој човек за градоначалник, на кого може да се потпре кога му е тешко, кога има проблем и затоа при изборт на кандидатите водевме сметка тие да бидат вистинска поддршка на граѓаните, луѓе кои ќе бидат во служба на својот народ.

– Во изминатите четири годони покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа, оцени Мицкоски.

Според него,  на изборите настапуваат со понуда на чесни и некомпромитирани и вредни кадри затоа што токму тоа и недостигаше на државата и на општините со децении.

– Истовремено ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на општините. Во изминатиот период покажавме дека можеме да ги менуваме работите и тоа во тешки услови, по децениско занемарување и ерозија на институциите, рече Мицкоски, истакнувајќи дека овојпат гласот на граѓанинот нема да биде само избор, туку сигнал дека промените мора да се случат.

Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.

Од утре, рече Ѓорѓиевски, ќе почнат со теренските посети и процесот на креирање на програмата со која ќе настапат на локалните избори за Град Скопје и проектите што ќе ги зацртаат ќе бидат детално разработени со рокови и финансиски импликации.

Како што рече, фокус ќе биде решавање на сообраќајниот хаос, дивите депонии и хигиената во градот  за кој рече дека е валкан.

-Градот едноставно кажано е прљав. Немаме улица, немаме маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само изминатите четири години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од владеењето на Петре Шилегов со градот и Данела. Тука речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца. Со тоа што ова што се случува во последните неколку години е катастрофа за сите нас како жители на  главниот град … Сето она што ќе биде зацртано во програмата ќе дадам се од себе во четири години мандат да биде реализирано. Тука ќе има и проекти со поддршка на Владата од која очекуваме силна поддршка и веруваме дека ќе има многу реализирани проекти. Скопје ќе биде претворено во едно големо градилиште, тоа што, за жал, не е слика за Скопје денес, истакна Ѓорѓиевски.

Поддршката од неговата партија да биде кандидиран за градоначалник на Скопје, како што рече, е најголем предизвик во неговиот живот. Му се заблагодари на лидерот на партијата Мицкоски од кого рече ја има најголемата помош и досега  при водењето на општина Кисела Вода и, рече, верува дека таа помош и поддршка ќе ја има и во перспектива насочена кон градот Скопје.

-Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје, апсолутно сум свесен за девастираноста на градот, за сивилото што владее и во кое живееме сите скопјани, но исто така сум спремен по изборите повторно да го воскреснам Скопје и конечно Скопје да стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок за сите граѓани од Скопје. Не очекувајте да бидам салонски политичар зашто и во мојата општина Кисела Вода во изминатите четири години покажав дека често сум во населените места и меѓу граѓаните и секогаш подготвен да ги ислушам нивните потреби и барања. Така ќе биде и во градот Скопје, ве уверувам во тоа. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика на политичка припадност, вера и нација. За мене постојат само скопјани кои си го сакаат градот или не си го сакаат градот, изјави Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција  со Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно објави кандидатури за 33 општини седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

За нов мандат, покрај денеска објавените се предложени актуелните градоначалници на Битола – Тони Коњановски, Кавадарци – Митко Јанчев, Охрид – Кирил Пецаков, Велес –  Марко Колев, Штип – Иван Јорданов и на Гевгелија – Андон Сарамандов. Во скопските општини покрај Бобан Стефковски во Гази Баба, со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Првите 25 кандидати соопштени на крајот на мај се: Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце. На седницата на  ИК на ВМРО-ДПМНЕ на 13 јуни одржана во Штип, партијата определи уште осум кандидати за градоначалници: Македонски Брод – Жарко Ристески, Могила – Драганчо Саботковски, Пробиштип – Тони Тоневски, Богданци – Марјан Пеев, Демир Капија  – Наталија Димитриева, Росоман – Ѓорѓи Крстевски, Новаци – Стевче Стевановски и Дебарца – Златко Силјановски. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕОрце ЃорѓиевскиСкопје

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk