ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

July 9, 2025 10:54
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ќе настапи на локалните избори и потенцираше дека таа ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје.

-Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина  Бутел,  општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам се од себе да што побрзо биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и  сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ќе ги очекуваат промените во градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски во текот на своето гостување објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде се од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.

-За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам се од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје, кажа тој.

Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должни на се она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода односно станува збор за реализација на куп проекти кои ги реализирале.

-Одлуката за јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје односно нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните, порача Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски порача:

-Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните.

Tags: ВМРО-ДПМНЕОрце ЃорѓиевскиСкопје
Next Post

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска во Загреб, потпишан Меморандум за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

August 25, 2025

Флоријан Вирц објасни зошто избрал да се пресели во Ливерпул

August 25, 2025

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите низ градовите ќе прибира предлози за програмите за локалните избори

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk