Полициски службеници на ОВР Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко, соопштија од МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид и се очекува подоцна да бидат соопштени причините за смртта на настраданиот.
Инаку, денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, апелираше за помош, алармирајќи дека пожарот излегува од контрола.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски поради пожарите го откажал учеството на трибина во Куманово.
„Претседателот Мицкоски во тоа време ќе заседава со кризниот штаб за пожарите во Владата“, соопштија од партијата.