Со внимание ја проследивме прес-конференцијата на Бисера Костадиновска Стојчевска и можеме да испратиме апел да не се самоповредува до ова високо ниво. Затоа што, и таа, и цела Македонија, знае дека забелешките на УНЕСКО се во Извештајот кој се однесува на периодот од 2017 година до 2024 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека „практично, ова е целиот период на владеење на СДС, во кој период министер за култура беше и токму Бисера Костадиновска Стојчевска“.
Претходно на прес-конференција, Бисера Костадиновска-Стојчевска, истакна дека на Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ
– Очаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност. Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за заштита, изјави Костадиновска Стојчевска.
Поврзано:
Костадиновска Стојчевска: На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ