ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија

July 10, 2025 13:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.

За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде поголем од половина од вкупниот број членови на Европскиот парламент.

Дебатата по иницијативата се одржа во понеделникот, при која Пипереа ја обвини Европската комисија за недостиг на транспарентност, непочитување на правдата, избегнување на дебати и за заобиколување на одлуките на Европскиот парламент.

– Во последните шест години Комисијата на злоупотребувачки начин им ги одзеде овластувањата на земјите членки и го игнорираше Европскиот парламент во неговите главни одлуки. Недемократската концентрација на моќ во рацете на претседателката на Европската комисија е спротивна на принципите на контрола и рамнотежа. Процесот на донесување одлуки стана нетранспарентен и дискреционен, што предизвикува страв од злоупотреби и корупција, изјави Пипера.

Според него, политиките на Евромисијата резултирале со пропаѓање на мали компании, ризици по суверенитетот на државите и со фрагментацијата на заедничкиот пазар, зголемувајќи ги разликите меѓу земјите членки на ЕУ, а сиромаштијата и регресот во образованието станале нормалност.

Во обраќањето на дебатата во понеделникот Фон дер Лајен ги отфрли обвинувањата на Пипереа, оценувајќи дека иницијативата претставува груб обид за внесување раздор меѓу институциите на ЕУ и меѓу проевропските и продемократските сили во Европскиот парламент. Фон дер Лајен нагласи дека Европската комисија секогаш ќе биде подготвена да соработува со европратениците од проевропските и продемократски сили во Европарламентот за изнаоѓање заеднички решенија, бидејќи, како што рече, духот на компромис е суштина на демократијата.

– Но, не треба да имаме илузии за заканите со кои се соочува нашата демократија. Влеговме во ера на борба помеѓу демократијата и нелиберализмот. Ја гледаме алармантната закана од екстремистичките партии кои сакаат да ги поларизираат нашите општества со дезинформации. Нема докази дека тие имаат какви било одговори, но има доволно докази дека многумина се поддржани од нашите непријатели и од нивните марионети во Русија или на друго место. Ова се движења поттикнати од заговори, од антиваксери, па до апологети на Путин, рече Фон дер Лајен.

Инаку, Фон дер Лајен не присуствуваше на денешното гласање, бидејќи учествува на Конференција за поддршка на Украина во Рим.

Фон дер Лајен отпатува за Рим синоќа, откако постигна договор со лидерите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) за одвојување на вреди околу 150 милијарди евра во следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, наменети за стручно усовршување на работниците и за мерки за социјална инклузија.

Постигнувањето договор беше значајно за Фон дер Лајен, затоа што СД се закани дека ако не бидат прифатени овие барања, нејзините пратеници ќе се воздржат од гласање при изјаснувањето по иницијативата на Пипереа.

Иако, воздржувањето на социјалдемократите од гласање немаше да доведе до прифаќање на иницијативата, сепак тоа ќе манифестираше слаба поддршка за Еврокомисијата од партиите на центарот и пад на влијанието на Фон дер Лајен во Европарламентот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕКЕП
Next Post

Санторини и Миконос на врвот на листата пренатрупани туристички дестинации во ЕУ

НАЈНОВО

ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

Филипче од Гази Баба: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

October 10, 2025

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk