ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди

July 10, 2025 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем се виде дека никогаш целта не била Бугари во устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разголена, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“ во Куманово.

Но, како што нагласи, „Македонија за разлика од порано кога со црвени килими ги дочекуваа предаствата, сега покажа карактер“.

– Ќе остане запишано и за век и векови запомнето дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и денеска пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. За прв пат во независна Македонија, истакна Мицкоски

Тој ја обвини опозицијата дека се сити на неправдите и ударите што се нанесуваат на народот и државата.

– Додека ние градиме, опозицијата гледаме дека е целосно безидејна и не е алтернатива. Тие се ситат на секој удар и секоја неправда која ни се нанесува. Погледнете го случајот со усвојувањето на амандманите на извештајот во Европскиот парламент каде се брише македонскиот јазик и идентитет од тој извештај. Едвај чекаа да излезат и се израдуваат на тој чекор на Бугарија. Но, имам само една порака со СДС и опозицијата кои не чекаа ни завршување на седницата на европскиот парламент и почнаа да критикуваат. Само една порака-срам да ви е!, порача Мицкоски.

Истакна дека немаше да бидеме во ваква ситуација, ако претходната власт водела сметка за националните интереси, наместо да се однесува понизно, снисходливо и коруптивно, оценувајќи дека нивната политика била предавство на македонскиот народ и на Македонија.

Мицкоски нагласи дека СДС и ДУИ не ја зборуваа вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставуваа само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

– Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и  македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко ќе почне да тече по улиците и мед, ние немаше да бидеме во ваква ситуација денес. Тоа беше најголемата лага којашто за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани. Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата, истакна Мицкоски.

Забележа дека „СДС лажеа за европско здравство и преку кампањски песни за Европа“, а кажа дека направиле и измами со референдумското прашање за ЕУ, што, како што наведе, е срамна историја.

– Ги памети народот вашите кампањи, вашите кампањски песни за Европа, вашите билборди за бесплатно здравство дека ќе имаме во Европа, измамите со референдумското прашање за ЕУ,  ако се изгласа референдумот ќе влеземе во ЕУ, а не само во НАТО“, истакна Мицкоски.

Додаде и дека народот добро се сеќава на нивните фотографии од авионот, за кои тие се обидуваа да создадат лажна  слика во јавноста дека ги почнуваат преговорите, за што во моментов се видливи последиците.

– Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме. Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани“.

Тој упати и порака за обединување околу националните интереси.

– Сфатете веќе еднаш, ако не сме обединети ќе не прегазат ќе не обезличат како што веќе прават. И јас ги поздравувам оние струи во опозицијата кои сакаат да соработуваат во интерес на државните интереси и во мене сите кои се подготвени да работат со нас на овие цели секогаш ќе имаат пријател и сојузник, порача Мицкоски од трибината во Куманово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПЕУИзвештајМицкоски

НАЈНОВО

Ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина на конференцијата во Рим

July 10, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите и ќе се откријат злоупотребите со одобренијата

July 10, 2025
Фото: ФФМ

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За национализмот и патриотизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk