ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ги повлекува сите амандмани за ребалансот на буџетот, бараат средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

July 10, 2025 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

„Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, а кој што ќе се однесува за последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за кој што ќе обезбедиме средства и за посебното законско решение за обесштетување на семејството на починатите, меѓутоа и за сите коишто се повредени од овој пожар. И вториот амандман кој што ќе го побараме, е да донесеме, односно да се прифати, амандман со кој што ќе одделиме финансиски средства, а за јакнење на капацитетите за справување со пожари“, рече Спасовски.

При тоа Спасовски посочи дека не може да има никакви оправдувања во однос на тоа дека има недостаток на пожарникари, недостаток на финансиски средства, недостаток на опрема.

„Ние сметаме дека државата, односно парламентот, ја има таа можност, меѓутоа ја има и обврска пред граѓаните преку определување на финансиските средства, пред сè да се обезбедат средства за вработување на пожарникари коишто токму за вакви моменти ќе се најдат на државата и на граѓаните. Второ, за зголемување на платите на пожарникарите во државата, заради тоа што не може и не смее државата да се сеќава на оваа категорија на работници, само во моменти кога имаме криза и кога тие се справуваат со таа криза“, рече Спасовски, додавајќи дека државата треба да помогне и во делот на финансиски средства за обесштетување, заради тоа што во пожарите има изгорени куќи, викенд куќи, фабрики.

„Еве ова се нашите две теми за коишто сметаме дека може да се постигне единство, може да се постигне консензус, и токму таа порака на соработка на единство и на консензус може да се покаже во овие моменти во кои што не треба да има различни погледи, не треба да има никакви поделби по ниту политичка, ниту било каква друга основа,  туку напротив, да покажеме на граѓаните дека сме заедно, сплотени, единствени и таквата порака на соработка да ја покажеме токму во моменти кога најмногу е потребно за граѓаните на Македонија“, порача Спасовски.

На прес-конференцијата Спасовски истакна дека ребаланост на Буџетот е нереален, и популистички и дека е буџет кој што предвидува повеќе средства отколку што за тоа има  економска активност. СДСМ имаше над 160 амандмани во вредност од околу 11 милијарди денари.

 

Next Post

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

Најново

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026
Скриншот

Трамп го паузира „Проектот Слобода“: На повидок е договор меѓу САД и Иран?

May 6, 2026
Фото: ССМ

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

May 6, 2026

Македонскиот павилјон се отвора в петок во Венеција, доделувањето на „Златен лав“ одложено поради оставка на жирито

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk